Министерството за финансии денеска во Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), настан кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на политики од регионот.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информираше дека состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, зајакнување на партнерствата и унапредување на соработката меѓу земјите од регионот.

„Целта е создавање поефикасни, потранспарентни и поотпорни јавни институции преку споделување на знаења и добри практики“, истакна Димитриеска-Кочоска.
На состанокот присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој ја нагласи важноста на регионалната соработка и заедничките напори за градење силни, ефикасни и отпорни јавни институции.

Од Министерството за финансии посочуваат дека ваквите средби придонесуваат за продлабочување на соработката меѓу земјите од регионот и за унапредување на капацитетите на јавната администрација во справувањето со современите предизвици.

