Мицкоски: Ќе се инвестираат повеќе од 150 милиони денари во Гази Баба

January 14, 2023
1 min read

„Поминавме тешка година за нас и нашата општина. Година во која решававме многу напластени проблеми, но и заедно донесовме многу решенија. Година во која покажавме дека промените можат да се случат и тие стануваат реалност. во новата 2023-та година влегуваме со голема енергија, и остварување на крупни проекти. Затоа што дадениот збор ни тежи и вистински вреди“, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Стефковски додаде дека заедно со граѓаните на општина Гази Баба се креираше буџет кој е по мерка на нивните потреби и барања.

„Следува во која ќе решаваме крупни проблеми и ќе оствариме крупни потреби на граѓаните. Младиот Виктор Петковски од Хиподром заедно со неговата генерација ни предложија проект за изградба на спортски комплекс на местото на старото училиште „Вера Јоциќ“. И овој проект го ставивме во буџетот за 2023-тата година. Наташа Атанасова во името на родители ја даде идејата за обезбедување на бесплатни ученички униформи. И со радоста можам да кажам дека и таа идеја ја опфативме во новиот буџет и во 2023-тата година сите ученици ќе добијат бесплатни ученички униформи“, рече градоначалникот на општина Гази Баба.

Тој најави дека во 2023-тата година ќе се направат и други капитални проекти. Имено, жителите на Трубарево ќе добијат нова детска градинка. А, учениците од Булачани ќе добијат нова училишна спортска сала. Ќе продолжи и изградбата на нови фекални канализациони системи, а ќе се асфалтираат и нови над 30 улици.

„Заедно да креираме иднина за подобра Гази Баба. за промени кои вие ги чувствувате“, укажа Стефковски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нагласи дека изминатата година општина Гази Баба инвестираше 110 милиони денари во нови крупни проекти. И покрај сите опструкции, кочење и препреки на Владата, Општина Гази Баба покажа дека промените се можни и дека тие мали победи се заедничка радост и дека овие дела ќе прераснат во голем бран на промени кои мора да донесат подобар живот за сите граѓани.

„Во годината што следува за капитални инвестиции во вашата општина ќе се инвестираат повеќе од 150 милиони денари. Општина Гази Баба по многу години застој ќе добие нова детска градинка во Трубарево, и нова училишна сала во Булачани, како и многу други проекти. Многу граѓани ќе видат како на дело и со силна посветеност ќе се решат многу проблеми. Заедно, сложно и одговорно, затоа што нашиот збор е наша обврска. За заедничка иднина, промените на дело“, истакна Мицкоски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ново издание на 360° – Интервју со Касами: Заедничка влада на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е пропаганден трик на ДУИ

Следно

(ВИДЕО) Урнат рекордот на посетеност на еден натпревар на НБА

Latest from Blog

Како да цепи дрва- девојка со секира го нападнала своето момче на спиење, при апсењето се смеела

Жена од Северна Дакота е обвинета дека се обидела да го убие своето момче додека спиел, користејќи секира, а еден сведок рекол дека звучело како да „сече дрва“ додека го „удирала“ по

Светскиот шампион со Франција на 31 година замина во пензија

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Самуел Умтити објави дека ја завршува својата играчка кариера, објави францускиот весник „Л’Екип“. Умтити (31) објави на социјалните мрежи дека одлучил да ја заврши својата играчка кариера, откако

Американската војска нападна брод од Венецуела: Трамп итно се огласи – има мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американската војска извршила повторен напад врз брод за кој постоеле сомнежи дека превезувал дрога од Венецуела, при што загинале три лица. Трамп ја сподели информацијата преку

Над 30% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро се справува со локалните проблеми

Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ подготви анкета за локалните избори за актуелните општествени случувања и за рејтингот на политичарите и партиите. Од резултатите презентирани вечерва во емисијата „Објектив“,
Go toTop