Борисов сака да формира Влада со Петков

April 13, 2023
1 min read

Наш главен приоритет е влада меѓу ГЕРБ и ПП. Подготвени сме на многу компромиси, вели поранешниот бугарски премиер

Бојко Борисов и Кирил Петков / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, сака да формира коалиција и да состави влада со неговиот најголем политички ривал Кирил Петков, односно со коалицијата што тој ја предводеше за парламентарните избори одржани на 2 април.

Коалицијата ГЕРБ-СДС на изборите победи со тесна разлика пред партијата на Петков – Продолжуваме со промените (ПП) која настапи заедно со Демократска Бугарија (ДБ).

Во 240-членото Народно собрание, коалицијата на Борисов освои 69 пратенички мандати, а таа на Петков само пет помалку.

„Сакам да формирам влада со ПП-ДБ. Имаме многу јасни задачи – влада меѓу овие две партии, даваме сè од себе. Денеска ќе формираме две комисии од двете групи – правна и финансиско-буџетска за разгледување на буџетските програми. Наш главен приоритет е влада меѓу ГЕРБ и ПП. Подготвени сме на многу компромиси“,

изјави денеска Борисов.

Првата седница на новиот состав во Народното собрание се одржа вчера, но вчерашниот ден заврши без да се избере претседател. Одложувањето на изборот, според Борисов, е многу важно за да може двете партии да разговараат и постигнат договори.

Додека лидерот на ГЕРБ отворено повикува на владина коалиција со Продолжуваме со промените, од оваа партија досега излегуваа со изјави дека немаат намера да влегуваат во ваква коалиција.

Асен Василев, кој со Петков се копретседателите на ПП, денеска повтори дека нема да поддржат владин кабинет во кој ќе биде и ГЕРБ.

Изборите на 2 април беа петти во период од две години бидејќи ниту една партија не можеше да направи солидна предност и да формира стабилна влада.

Во пресрет на изборниот ден, Бугарската национална телевизија (БНТ) објави анкета во која дури 48,3 отсто поддржуваа коалиција помеѓу првите две партии на изборите, во случајот коалициите ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЈСП во изменет возен ред претстојниот празничен викенд

Следно

Општина Илинден подели 200 хуманитарни пакети на социјално загрозени граѓани

Latest from Blog

Дел од Сопиште без вода

Поради уличен дефект на водоводната мрежа, од 09:20 часот без вода се корисниците на ул.14 во Сопиште, инфорнмира ЈП Водовод и каналзиација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул и на Португалија пристигнаа на погребот на Жота

Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул веќе се во Португалија за да присуствуваат на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кој започнува утрово во 11:00 часот. Поранешните ривали на

Трамп: Следната недела можен е договор за прекин на огнот во Газа по „позитивниот“ одговор на Хамас

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела можно е да се постигне договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, по она што го опиша како „позитивен“
Go toTop