ЈСП во изменет возен ред претстојниот празничен викенд

1 min read

ЈСП информира дека во пресрет на претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре, петок (14.04.2023 год) ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Во сабота (15.04.2023 год), недела (16.04.2023 год) и понеделник (17.04.2023 год) автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат единствено во сабота (15.04.2023 год), а другите денови (петок, недела и понеделник) ќе бидат неработни за сите продажни места.

Жичарницата претстојниве празнични денови (од утре до понеделник) ќе работи вообичаено, од 10 до 18 часот. Нема да работи во вторник (18.04.2023 год).

Линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) ќе сообраќаат по неделен возен ред.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Ердоган: Туркије ќе му даде порака на Западот на 14 мај

Следно

Борисов сака да формира Влада со Петков

Latest from Blog