Бразилската Влада ќе креира национална политика за борба против насилството во училиштата

April 7, 2023
1 min read

БОГОТА (АА) – Владата на претседателот Луиз Инасио Лула да Силва во Бразил најави дека ќе се креира национална политика против насилството откако четири деца беа убиени во нападот на градинката на 5 април, јавува Анадолу.

Министерот за образование Камило Сантана им соопшти на новинарите дека треба да се подготви „национална политика за борба против насилството во училиштата“ и додаде дека тоа ќе го организира меѓуресорската работна група во рок од 90 дена.

Истакнувајќи дека ќе биде одреден неделен распоред на состаноци на кој ќе се разговара за среднорочни и долгорочни акции за борба против насилството, министерот Сантана најави дека ќе се спроведе поголемо следење на социјалните мрежи за да се откријат сите видови криминални дејства.

Министерката за здравство Нисија Триндад изјави дека заедно со развојот на алатки за комуникација има и зголемување на ваквите акти на насилство и додаде: „Заедничката борба е од суштинско значење за градење култура на мир во училиштата.“

Министерот на Генералниот секретаријат на бразилското Претседателството, Марсио Маседо, изјави дека пред медиумите стои голема одговорност да спречат сторителите на ваквите напади да бидат прикажани како херои.

Според официјалните извештаи, 40 ученици и наставници ги загубиле животите во нападите извршени во бразилските училишта во последните 20 години.

Четири деца ги загубија животите, а три се ранети во вооружениот напад извршен во градинка во градот Блуменау, сместен во јужниот дел на Бразил.

– Во последните два напада загинаа пет лица –

На 27 март, во бразилската држава Сао Паоло, ученик изврши напад со нож во едно училиште, при што уби еден наставник и рани четири лица.

На 25 ноември 2022 година, четири лица беа убиени кога 16-годишен ученик изврши напади во две училишта во Аракруз, во бразилската држава Еспирито Санто.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Маричиќ: Партиите нека не се плашат, не гледам зошто да не учествуваат во работната група за уставни измени

Следно

Утре ликовна работилница во скопската Зоолошка, ќе има и подароци

Latest from Blog

Натпреварот помеѓу Јувентус и Реал вечерва може да биде прекинат!

Осминафиналниот дуел од Светското клупско првенство меѓу европските гиганти Реал Мадрид и Јувентус, закажан за вечерва во Мајами (21:00 по средноевропско време), би можел да биде одложен или прекинат поради најавеното невреме.

Во Белгија издадено портокалово предупредување поради опасен екстремен топлотен бран

СКОПЈЕ (AA) – Кралскиот метеоролошки институт на Белгија издаде портокалово предупредување поради очекуваните опасно високи температури што надминуваат 35°C низ целата земја од 1 до 3 јули, јавува Анадолу. Според Институтот, Белгија

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член

Јуни под двоен фокус: од матни скандали до бистри пресврти во антикорупциската битка

Во своето месечно огледало за јуни, „Транспаренси интернешнл-Македонија“ го опишува државниот апарат како ветровит ден на езеро: на едната страна водата се заматува од скандали и стари навики, на другата се чисти
Go toTop