Финансиска полиција, Царина и УЈП попладнево на состанок во Владата, Бектеши повика увозниците да не бегаат од средби

April 6, 2023
1 min read

Во нашата држава ќе се почитуваат до крај законите, почнувајќи од Царинската управа, УЈП, фактурите кои ги имале дадено во царините кај соседите и дуплите фактури кои ги имаат дадено во нашата царина, рече министерот за економија во пресрет на координативниот состанок

Премиерот Димитар Ковачевски за попладнево свикал состанок во Владата со министерот за економија Крешник Бектеши во врска со одлуките за замрзнатите цени и за тоа колку трговците ги почитуваат. За координативниот состанок премиерот во изјава за медиумите нагласи дека се повикани директорите на Финансиската полиција, Царинската управа и Управата за јавни приходи (УЈП).

Министерот Крешник Бектеши, пак, во одговор на новинарско прашање за непочитување на одлуката за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, покрај тоа што ја најави координацијата со другите институции закажана за денеска попладне, испрати и порака до трговците, посебно до увозниците на овошје и зеленчук, да не бегаат од состаноци.

Зборувајќи за увозниците, тој спомена за документите кои биле давани во царините кај нас и во соседството и оти во нашата царина се давале дупли фактури. Сите информации со кои располагаат, најави дека тој лично ќе ги достави до институциите за да постапуваат.

„Прво, голема благодарност до ланците на супермаркети и повеќето од пиљарите и да ги повикам, посебно увозниците на овошје и зеленчук, да доаѓаат на средба, да не бегаат од средби заедно со претставниците на стопанските комори затоа што во нашата држава ќе се почитуваат до крај законите, почнувајќи од Царинската управа, УЈП, фактурите кои ги имале дадено во царините кај соседите и дуплите фактури кои ги имаат дадено во нашата царина. Откако ќе заврши координативниот состанок, откако ќе ги имаме сите информации, јас сам ќе ги доставам пред надлежните институции сите информации што ги имаме и затоа подобро е да дојдат и да ги почитуваат одлуките“,

рече Бектеши.

Одлуката за замрзнување на цените на 11 вида овошје и зеленчук стапи на сила вчера. Според неа, во маркетите и на зелените пазари доматите треба да се продаваат за најмногу 70 денари. Највисоката цена на свежите краставици треба да биде 75 денари, на кромидот 60, карфиолот 70, пиперките 90 денари. Цената на гравот, пак, не треба да биде повисока од 75 денари, а на леќата од 110 денари. Кај овошјето, највисоката цена на бананите треба да биде 70 денари, на мандарините 60, а на портокалите и лимоните 55 денари.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Недела на новиот кинески филм ќе се одржи во октомври во организација на универзитетот Еуропа Прима

Следно

Украина и Полска со заедничко производство на тенковски гранати со калибар од 125 мм

Latest from Blog

Папата Лав 14ти ја одржа првата миса со порака за враќање на човештината меѓу луѓето

Прв работен ден за папата Лав Четиринаесетти. Поглаварот на римокатоличката црква ја одржа својата прва голема миса. Ја повика католичката црква да се спротистави на недостатокот на вера кај луѓето и предупреди

Мојаноски во Аргумент плус: Очекуваме дека новиот папа ќе продолжи да чекори по стапките на папата Франциск

Универзитетскиот професор Цане Мојаноски во Аргумент плус, рече дека со прифаќањето на името Лав IV, новиот избран папа на некој начин соопштува дека ќе ги афирмира и прифати принципити кои ги имаше

Ердоган со честитки до новиот папа Лав XIV, изрази надеж за заеднички напори за ставање крај на хуманитарните кризи

ИСТАНБУЛ (АА) – Во писмото во кое му го честита изборот на новиот папа Лав XIV, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изрази надеж за заеднички напори за ставање крај на хуманитарните

Германците стануваат сè покритични кон Израел, покажа најновата анкета

БЕРЛИН (АА) – Германците имаат сè понегативен став за Израел, 60 години по воспоставувањето на билатералните дипломатски односи, покажа новото истражување објавено денес од Фондацијата „Бертелсман“, јавува Анадолу. Извештајот посочува на значителна
Go toTop