Украина и Полска со заедничко производство на тенковски гранати со калибар од 125 мм

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Киев и Варшава се договорија за заедничко производство на тенковски гранати со калибар од 125 милиметри, објави украинската државна компанија за производство на оружје „Укроборонпром“, еден ден по посетата на украинскиот претседател Владимир Зеленски на Полска, пренесува Анадолу.

Договорот предвидува нови производствени линии наменети за производство на „големо складиште на муниција“ во Полска, соопшти „Укроборонпром“ преку Телеграм.

„Ова е уште еден чекор кон понатамошно зајакнување на партнерството меѓу Украина и Полска во одбранбената сфера“, се додава во соопштението.

Вчера (среда), Зеленски престојуваше во посета на соседна Полска, каде што разговараше со својот полски колега Анджеј Дуда и други официјални претставници, како и со премиерот Матеуш Моравјецки, со кој потпиша писмо за намера за соработка во снабдување со одбранбена опрема.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Финансиска полиција, Царина и УЈП попладнево на состанок во Владата, Бектеши повика увозниците да не бегаат од средби

Следно

„Шанса за Центар“: Општина Центар одбива да ги објави проектите од конкурсот за просторот кај „Треска“

Latest from Blog

Украина е на работ

Неговото предвидување е дека Русија ќе продолжи со својот план кој останува непроменет од 2022 за