Курти: Нема автономија за Србите, туку де факто признавање меѓу Косово и Србија

March 28, 2023
1 min read

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека за Србите на Косово нема автономија ниту самоуправа, туку дека постои само де факто признавање меѓу Косово и Србија, пишува Косовоонлајн, цитирајќи гo порталот Репортери.

„За Србите во Косово нема автономија. Тие се граѓани на нашата република, а јас сум и нивен премиер. Членот 7 говори за соодветно ниво на самоуправа. Тоа значи дека се повикуваме само на рамковниот договор на Советот на Европа за заштита на националните малцинства. Нема самоуправа, има само де факто признавање меѓу Косово и Србија“, рече Курти.

Курти изјави и дека на Косово не може да има „привилегии на национална основа“.

„Не сум за дискриминација, угнетување, експлоатација или маргинализација на Србите. Ние Албанците цел век сме под српска власт, ништо слично нема да повториме, но исто така не можеме да имаме супермалцинство на Косово. Не можеме да имаме привилегирани луѓе по етничка или верска припадност, бидејќи привилегијата за некого станува дискриминација за некој друг. Затоа, ви гарантирам дека нема да има нетранспарентни решенија кои ја нарушуваат нашата уставност и републичкиот и демократскиот поредок“, нагласи Курти.

Тој додаде дека во текот на посетата на Тирана ги информирал лидерите на Албанија за процесот на дијалогот со Србија.

„Целта беше да се сретнам со албанските шефови на држави во средината на мандатот за да ги информирам за тоа каде е нашата влада, но посебно да ги информирам за процесот на дијалогот со Србија и договорот за нормализација, бидејќи има многу недоразбирања и погрешни толкувања. Сакав да ги информирам за напредокот на преговарачкиот процес и за други елементи, што е големо достигнување за нормализација на односите кои сега не се добри, иако Косово е нормална и демократска земја“, рече Курти. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се уредуваат парковите и се чистат фонтаните во Аеродром

Следно

ВЕРУВАМ ДЕКА ГОРЕ ИГРАТЕ БРИЏ СО ДАДИ И МИЧО ЕГЕЕЦОТ, РЕЧЕ КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop