Се уредуваат парковите и се чистат фонтаните во Аеродром

March 28, 2023
1 min read

Во тек е пролетна за акција за уредување на парковите и чистење на фонтаните во Аеродром. 

– Првите денови во Аеродром се денови за пролетно уредување на општината кое опфаќа уредување на парковите и подготовка на фонтаните за пролетната сезона. Акцијата спроведена од страна на општинските служби во Аеродром изминатите денови опфати чистење, уредување и пуштање во употреба на фонтаните, како и одржување и уредување на зеленилото во парковите, велат од локалната сампуправа. 

Акцијата се спроведува на фонтаните на улицата „Тоше Проески“ во Ново Лисиче, како и во парковите „Јане Сандански“, Паркот на езерата, Паркот на светлината, паркот „Бановина“, паркот „Авион“, и паркот „Бојмија“.

 Пролетната акција освен уредување на зелените површини вклучува и голема акција за чистење на општината, отстранување на кабастиот отпад и отстранување на депониите на неколку локации во Аеродром.

– Општина Аеродром уште еднаш апелира до граѓаните за водење грижа за средината во која живеат, водење сметка за екологијата и отпадот во општината, а во следниот период ќе бидат реализирани низа активности со кои ќе се одбележи пролетта, но и роденденот на општината кој традиционално се одбележува во првата недела од април, велат надлежните. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Евростат: Жените во ЕУ првото дете го раѓаат се подоцна

Следно

Курти: Нема автономија за Србите, туку де факто признавање меѓу Косово и Србија

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop