Унгарскиот парламент ја поддржа кандидатурата на Финска за членство во НАТО

March 27, 2023
1 min read

Унгарската влада неколку пати го одложуваше гласањето во парламентот, додека речиси сите други членки на Алијансата ја ратификуваа кандидатурата на Финска

По неколку месеци одложување, парламентот на Унгарија денеска ја поддржа кандидатурата на Финска за членство во НАТО. За одобрување на кандидатурата гласаа 182 пратеници, а шест се изјаснија „против“.

Унгарската влада неколку пати го одложуваше гласањето, додека речиси сите други членки на Алијансата ја ратификуваа кандидатурата на Финска.

Поддршката од Унгарија ја носи оваа нордиска земја чекор поблиску дп полноправно членство во НАТО.

Прифаќањето на нова земја бара едногласност на сите земји членки, а од 30-те членки на Алијансата, сега се чека само Турција да ги ратификува договорите за влез на Шведска и Финска во НАТО.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција ќе го започне процесот на ратификација на кандидатурата на Финска за членство во НАТО во парламентот, откако земјата презеде конкретни чекори за исполнување на своите ветувања.

Додаде и дека Турција ќе ги продолжи разговорите со Шведска, а дека ратификувањето на нејзината кандидатура за членство во НАТО директно ќе зависи од мерките што ќе ги преземе.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО непосредно по почетокот на руската инвазија на Украина, но особено Шведска се соочи со неочекувани приговори од Турција. Анкара го обвинува Стокхолм дека засолнува, како што вели, членови на терористички групи и бара нивна екстрадиција како чекор кон давање зелено светло на Шведска за членство во НАТО.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Фирмата со 27 „перманентно вработени“ инженери во надзорот над „Бехтел и Енка“ има само двајца вработени според годишната сметка за 2022 г.

Следно

Миовски: Среќен сум за добрата форма, само преку минутажа во клубовите може да се наметнеме во репрезентацијата

Latest from Blog

Папата Лав 14ти ја одржа првата миса со порака за враќање на човештината меѓу луѓето

Прв работен ден за папата Лав Четиринаесетти. Поглаварот на римокатоличката црква ја одржа својата прва голема миса. Ја повика католичката црква да се спротистави на недостатокот на вера кај луѓето и предупреди

Мојаноски во Аргумент плус: Очекуваме дека новиот папа ќе продолжи да чекори по стапките на папата Франциск

Универзитетскиот професор Цане Мојаноски во Аргумент плус, рече дека со прифаќањето на името Лав IV, новиот избран папа на некој начин соопштува дека ќе ги афирмира и прифати принципити кои ги имаше

Ердоган со честитки до новиот папа Лав XIV, изрази надеж за заеднички напори за ставање крај на хуманитарните кризи

ИСТАНБУЛ (АА) – Во писмото во кое му го честита изборот на новиот папа Лав XIV, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изрази надеж за заеднички напори за ставање крај на хуманитарните

Германците стануваат сè покритични кон Израел, покажа најновата анкета

БЕРЛИН (АА) – Германците имаат сè понегативен став за Израел, 60 години по воспоставувањето на билатералните дипломатски односи, покажа новото истражување објавено денес од Фондацијата „Бертелсман“, јавува Анадолу. Извештајот посочува на значителна

Министерот Муцунски во Украина – оддаде почит на украинските херои, ќе се формира Специјален трибунал за злосторствата врз Украина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, престојува во еднодневна посета на Украина, на покана на неговиот украински колега Андриј Сибига. Муцунски учествуваше на Министерскиот состанок на основната група за формирање на Специјалниот
Go toTop