Божиновска: Македонскиот рубин е национален симбол што заслужува светска промоција

July 24, 2026
1 min read

По значајниот исчекор што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го направи со воспоставувањето институционална заштита на македонскиот рубин како автентично минерално богатство на Македонија, започнува нова фаза – негова промоција, заедно со целокупното геолошко наследство на државата.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на Здружението за промоција на природните науки „Откритие“, Илија Петковски, денес потпишаа Меморандум за соработка со кој ги здружуваат институционалните, научните и стручните капацитети за промоција, заштита и валоризација на геонаследството, минералното богатство и палеонтолошкото наследство.

Меморандумот претставува продолжение на заложбите на Министерството за афирмација заштита, валоризација и промоција на македонското минерално богатство.. По воспоставувањето на правната заштита на македонскиот рубин, следниот чекор е негова поширока презентација пред домашната и меѓународната јавност, како еден од најпрепознатливите симболи на македонското геолошко наследство.

„Македонија поседува исклучително богато геолошко наследство кое со децении било недоволно промовирано.Богатство кое заслужува многу поголема видливост Нашата цел е да стане достапно за јавноста, да ја развиваме научната свест, да ја доближиме геологијата до граѓаните, да го поттикнеме интересот кај младите за природните науки, да го развиваме геотуризмот и да покажеме дека природните богатства се дел од нашиот национален идентитет и развоен потенцијал. Македонскиот рубин е еден од тие највредни симболи и заслужува да биде достојно претставен пред светот“, истакна министерката Божиновска.

Со Меморандумот се воспоставува долгорочна соработка која предвидува организирање изложби, научно-популарни настани, јавни предавања, работилници, едукативни програми и тематски поставки, како и воспоставување партнерства и соработка со домашни и странски музеи, универзитети и научни институции за промоција на македонското геонаследство.

На потпишувањето присуствуваше и Деан Шкартов, еден од најголемите промотори и познавачи на македонскиот рубин, долгогодишен член и соработник на Здружението „Откритие“, чија богата минералошка колекција претставува значаен придонес во афирмацијата на македонското геолошко наследство во земјата и во странство.

Како резултат на ова партнерство, во просториите на Министерството ќе биде формиран Центар за промоција на геонаследството, кој ќе прерасне во постојан изложбен и едукативен простор за презентација на минерали, кристали, фосили и други геолошки експонати. Центарот ќе биде место каде институциите, науката и стручната фела ќе работат заедно на заштита, валоризација и меѓународна промоција на македонското геолошко наследство, развој на геотуризмот и поголема свест за природните богатства што ги поседува Македонија.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со оваа иницијатива уште еднаш потврдува дека природните ресурси не се само економски потенцијал, туку и национално богатство што треба да се заштити, научно да се вреднува и достојно да се претстави пред идните генерации и пред светот.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Берзански ден со позитивен биланс: МБИ10 повторно во пораст

Следно

Меџити стартуваше проект вреден над 28 милиони денари за Старата чаршија

Latest from Blog

Клоп: Ако ја преминете „линијата“ со моето семејство – веднаш ќе си одам!

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп беше официјално претставен како нов селектор на германската фудбалска репрезентација, со која потпиша договор до 2030 година. На својата прва прес-конференција, тој веднаш постави јасни правила за

Македонија постојано се бори за човековите права на Македонците во Бугарија

Прашањата во контекст на човековите права, а уште потесно во контекст на непочитта на човековите права на Македонците коишто живеат на територија на Бугарија, се прашања што ние ги активираме постојано и

Известување од ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп: Водата за пиење во Општина Прилеп е здравствено исправна!

ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги информира жителите на општина Прилеп, кои користат вода за пиење од Регионалниот водовод „Студенчица“ и градските извори дека водата е здравствено безбедна за пиење. Стручните служби

Министерството за финансии: Почна реконструкцијата на Поликлиниката „Идадија“ вредна над 31 милион денари

24 јули 2026 година, Скопје – Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија со
Go toTop