Франција забранува Тик-ток на мобилните телефони на јавните службеници

March 24, 2023
1 min read

Забраната ќе стапи на сила веднаш, напиша Министерството за јавни услуги на Твитер, а се однесува и на Инстаграм и на платформата за стриминг Нетфликс

Франција воведува забрана за користење на социјалната мрежа Тик-ток и други популарни апликации на мобилните телефони на јавните службеници поради несоодветна безбедност и заштита на податоците, објавија властите во Париз.

Забраната ќе стапи на сила веднаш, напиша Министерството за јавни услуги на Твитер, а се однесува и на Инстаграм и на платформата за стриминг Нетфликс.

Франција е последната во низата земји што презема такви чекори против Тик-ток поради безбедносни грижи. САД, Германија, Велика Британија и Европската комисија, исто така, забранија апликација во сопственост на кинеска компанија за споделување видео од мобилните телефони на јавните службеници.

Американските власти, исто така, размислуваат целосно да го забранат Тик-ток, наведувајќи ја загриженоста дека кинеските разузнавачки служби би можеле да го користат за собирање податоци и влијание врз корисниците.

Тик-ток ги отфрла овие наводи. Повеќе од милијарда луѓе ширум светот ја презеле апликацијата, која и припаѓа на кинеската компанија „Бајт денс“.  

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Која е втората НАТО-членка што покрај Грција ќе патролира на македонското небо?

Следно

Недела на франкофонски филм: Швајцарската комедија „Последниот танц“ вечерва во Кинотека

Latest from Blog

Температури над 40 во Македонија – ИЈЗ со препораки за граѓаните

Лицата над 65 години или старите лица се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. Согласно националните и меѓународните препораки, старите лица се категоризирани како т.н. „ризична категорија“. Зошто? Бидејќи потешко се прилагодуваат

Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години музичка кариера на Влатко Стефановски

Во Македонскиот културен центар во Загреб утре со почеток од 19 часот ќе биде отворена изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“, посветена на 50-годишната музичка кариера на Влатко Стефановски. Изложбата претставува избор од

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот
Go toTop