Јаневска: Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување на младите, туку сфери за личен развој и вработување

July 4, 2025
1 min read

Во 7 изминати години имаме 17 илјади ученици и 7 илјади студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина. За овие податоци дискутиравме веднаш по преземањето на мандатот и заедно со премиерот и министерката за финансии, одлучивме да обезбедиме најголем буџет за образование досега, за негов развој и со тоа, да го елиминираме од групата на фактори кои го поттикнуваат населението да се иселува од
сопствената држава.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната конференција со наслов „Демографски предизвици и можни решенија“ во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади, а на која учествуваа претседателот на Владата и повеќе министри, претставници на Фондот за население на Обединетите Нации и експерти за демографски политики.

„Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување. Мора да бидат сфери кои ќе им овозможат на младите квалитетен процес за лична наобразба, но и сфери каде тие ќе остваруваат работен ангажман, во образовните и во научните установи“, рече Јаневска, додавајќи дека за повеќе образовни и научни можности, буџетот на министерството оваа година е најголем досега.

„Го јакнеме ученичкиот и студентскиот стандард. Воведовме мерки и финансиска поддршка која во минатото не постоеше, особено за талентираните деца да можат да учествуваат на големи натпреварувања. Го зголемивме обемот на стипендиите, проширивме опфат на повеќе ученички и студентски права. Го усогласуваме образованието со потребите на пазарот на труд, за да можат младите во кратко време да најдат работа и економски да се осамостојат“, рече министерката, додавајќи дека во
фаза на изработка е нов Закон за високо образование кој ќе предвиди можност за вработување на најдобрите студенти од секоја генерација на државните универзитети.

Информираше дека двојно е зголемена поддршката за науката и за научно
истражувачки проекти кои се во корелација со целите на Стратегијата за паметна специјализација, потенцирајќи дека младите научници веќе ги знаат и областите во кои има повеќе можности за просперитет и за придонес кон развој на државата.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скопје доби ново летно кино на покривот на Сити мол

Следно

Пропалестински активисти протестираа пред Високиот суд во Лондон против забраната на групата „Палестинска акција“

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема
Go toTop