Кос: Членство во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците

July 1, 2025
2 mins read

За Европската Комисија ситуацијата е јасна, доколку Северна Македонија ги исполни заложбите и го промени Уставот, што секако дека не е лесно, тогаш ќе започнеме веднаш со меѓувладината конфернција без било какви дополнителни политички условувања, порача Еврокомесарката Марта Кос, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје, за барањата од Софија, освен уставни измени, да се усвојат и протоколите.  

Прашана за тоа какви гаранции може да даде ЕУ на Македонија дека Бугарија нема да го билатерализира процесот понатаму, Кос нагласи дека нивната „политичка цел е да се отворат преговорите за Северна Македонија, по кластер 1 најскоро можно, штом ќе ги задоволи Северна Македонија релевантните критериуми, договорени со Советот, односно ќе ги имплементира заложбите да се извршат уставните промени“. 

-Сметам дека е многу важно, а денешниот состанок само го покажува тоа дека Северна Македонија треба да се подбутне на патот кон проширувањето, особено со оглед на тоа дека некои други земји се силни конкуренти за завршување на предпристапните преговори. Сите препознаваме дека ова не е лесно, но можноста е отворена сега за проширување и ние сите треба да ја искоирстиме оваа шанса. И сите треба да придонесеме, не само овие две земји, туку сите од ЕУ да се изнајде начин што ќе овозможи Северна Македонија да започне најскоро што е можно. Најдобра гаранција за овој процес е да се остварат резултати, порача Кос. 

Затоа, според Кос, од аспект на Комисијата важно е да се има конструктивен дијалог меѓу Северна Македонија и Бугарија, и да се изгради дух на заедничка доверба и разбирање. 

Прашана за коментар на околу бугарските амандмани за Извештајот за Македонија каде се бара „модерен (современ)“ македонски јазик и македонска нација, Кос рече дека според неа „членство во ЕУ е најдобар начин како да се заштити идентитетот, културата и јазикот“.

-Членството во ЕУ според мене е најдобриот начин како да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, поради тоа што ЕУ е изградена на приципот на разноличност и ЕУ се грижи за сите земји членки поединечно, во смисла на тоа што нашиот идентитет е добро зачуван, изјави Кос.

Словенија, посочи Кос, исто така е мала земја со два милиони жители, но откако стана членка на ЕУ во 2004 година, словенечкиот јазик е еден од 24 официјални јазици на ЕУ.

Кос, исто така, посочи дека и во Молдавија работи на спречување на, како што вели истиот наратив дека ќе се изгуби јазикот и идентитетот. 

-И откако Молдавија стана земја кандидат во моето портфолио, помагаме да се спречи рускиот наратив што вели дека ќе го изгубат идентитетот. Идентитетот не може, според мене, никогаш не може да стане предмет на политичко одлучување. Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме и како ја чувствуваме нашата татковина, идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција. На пример манастите во Северна Македонија, погачата, тавче гравчето, пинџурот или полнетите пиперки… како на пример ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик и никој не може да ви го одземе ова на вас Македонците, порача Кос.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

16 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЛОКУМАДЕС: Принудувале странски државјани да продаваат крофни на Халкидики

Следно

Кос: Вашиот идентитет се манастирите, погачата, тавче-гравче, полнетите пиперки – никој не може да ви го одземе!

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop