МНР апелира: Македонските државјани во Израел и Иран да бидат внимателни и да следат упатства

June 13, 2025
1 min read

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Воедно, апелираме до сите наши државјани да се воздржат од било какви патувања кон земјите од овој регион, до подобрување на безбедносната состојба.

„Согласно добиените информации од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, во моментов воздушниот простор над Израел и Иран е затворен, како и аеродромите во Тел Авив и Техеран, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај.

Ги потсетуваме нашите државјани дека при евентуална потреба од помош можаат да се обратат на следните контакти:

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив:

Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546

Е-пошта: [email protected]

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија:

Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736

Е-пошта: [email protected]

Информираме дека во рамките на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и ќе ја информира јавноста за сите новини навремено“, велат од МНР.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

СДСМ бара оставки од Тошковски и Јанев по апсењето на полициските началници: „Време е за одговорност, време е за оставки“

Следно

Иран го нападнаа вкупно 200 ирански авиони со 330 парчиња муниција

Latest from Blog

Белгија ја поддржува суспензијата на Израел од европската програма за истражување „Хоризонт Европа“

ИСТАНБУЛ (АА) – Белгија ќе гласа во корист на предлогот на Европската комисија за делумна суспензија на учеството на Израел во програмата за истражување и иновации „Хоризонт Европа“, објави денес белгискиот премиер

Сакаа популарност, но завршија во полиција: Автомобил без таблици низ скопските улици за „Тикток“ тренд

Едниот на автомобилот, другиот танцува со отворена врата, третиот излезен преку прозорец. Автомобилот без регистарски таблички низ скопските улици го управувал 20-годишник кој немал ни возачка дозвола, при што ја загрозувал безбедноста

МБИ10 во благ раст од 0,15 % – Македонија Турист доминира со над 49 млн. денари промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 05.08.2025 Скопје, 5 август 2025 година – Македонската берза го

Коњановски на терен: Се реконструира канализационата мрежа на „Панде Кајзеро“

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со директорот на КЈП „Нискоградба“, Зоран Талевски, денеска изврши увид во тековните градежни активности за реконструкција на мешовитата канализациона мрежа на улицата „Панде Кајзеро“. Проектот,

Ердоган: Турција презема чекори за да ја заштити иднината на нацијата

АНКАРА (АА) – Турција презема историски чекори за да ја заштити иднината на нацијата, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес пред претседавањето со годишниот состанок на Врховниот воен совет, јавува Анадолу.
Go toTop