Сакаа популарност, но завршија во полиција: Автомобил без таблици низ скопските улици за „Тикток“ тренд

August 5, 2025
1 min read

Едниот на автомобилот, другиот танцува со отворена врата, третиот излезен преку прозорец. Автомобилот без регистарски таблички низ скопските улици го управувал 20-годишник кој немал ни возачка дозвола, при што ја загрозувал безбедноста во сообраќајот. Овие млади лица снимале популарен тренд од ТикТок – „Aura Farming“. Наместо популарност, завршија во полициска станица. Од МВР велат дека тинејџерите се идентификувани, поднесени се пријави и се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

„Во врска со видеото што се споделуваше на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека веднаш се преземени мерки и активности, лицата се идентификувани, со нив е извршен службен разговор и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.“, вели Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Трендот „Aura Farming“ потекнува од традиционален индонезиски фестивал наречен Pacu Jalur, каде млади момчиња изведуваат перформанс на тркачки чамец со цел да го мотивираат тимот. Во летото 2025 година, видео од Рајан Аркан Диха, 11-годишно момче кое самоуверено и со уникатен стил стои на врвот на чамецот, стана вирално на социјалните мрежи.

Слични предизвици се чести на интернет. Има случаи кога некои од нив завршуваат со скршеници, па дури и со смртни последици.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МБИ10 во благ раст од 0,15 % – Македонија Турист доминира со над 49 млн. денари промет

Следно

Белгија ја поддржува суспензијата на Израел од европската програма за истражување „Хоризонт Европа“

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и

Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март.
Go toTop