Бајден: Путин мислеше дека брзо ќе го заземе Киев, но се сретна со храбоста на Украина и железната волја на нациите  

February 24, 2023
1 min read

Претседателот на САД по повод годишнината од почетокот на руската војна во Украина, исто така, истакна дека НАТО, за која Путин мислеше дека ќе се скрши и подели е посилна и пообединета од кога било

Пред една година претседателот на Русија Владимир Путин мислеше дека брзо ќе го заземе Киев, но се сретна со храброста на Украина и железната волја на нациите од секаде, напиша американскиот претседател Џо Бајден на својот официјален твитер-профил по повод денешниот ден на кој светот одбележува точно една од почетокот на руската агресија врз Украина.

Претседателот на САД, исто така, вели дека НАТО, за која Путин мислеше дека ќе се скрши и подели е посилна и пообединета од кога било.

„Кога Русија ја нападна Украина, Америка и нашите сојузници застанаа цврсто. За суверенитет. За демократија. За слобода. Го посетив Киев за да кажам дека ќе продолжиме да бидеме обединети. Без разлика на се“,

напиша Бајден на Твитер.

На 24 февруари 2022 милиони украинци се разбудија во нова реалност, во војна и за нив повеќе ништо не беше исто. Инвазијата на земјата ја објави рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи ја „специјална воена операција“.

Првите експлизи во Киев одекнаа во 3:27 минути изутрина, а потоа мета на руските проектили се најдоа и други делови на земјата.

Еден и пол час подоцна пред нацијата се обрати украинскиот претседател Водолимир Зеленски кој соопшти дека земјата е цел на воена агресија од страна на Русија.

Денеска, на годишнината од почетокот на војната, Зеленски порача дека ова ќе биде година победа на Украина.

Изминатата година, оценува тој, беше година на болка, тага, верба и единство. Оваа, вели, ќе биде година на наша непобедливост и година на наша победа.

„На 24 февруари, милиони од нас направија избор. Не бело знаме, туку сино-жолто знаме. Не бегање, туку соочување со непријателот. Отпор и борба“,

напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 200 казни изречени за возачите во Скопје

Следно

17 дена по земјотресот спасиле крава – била со денови под урнатините, а кога ја прегледале останале во чудо

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop