17 дена по земјотресот спасиле крава – била со денови под урнатините, а кога ја прегледале останале во чудо

1 min read

Екипите на терен спасија крава 17 дена по земјотресот што ги погоди јужните делови на Турција и Сирија, јавува Анадолија.

Екипите на општина Голчук спасија крава која останала под урнатините во Антакија, Хатај. Општинските екипи се уште се на терен и работат на расчистување на подрачјето погодено од земјотресите. Со цел да се елиминира ризикот од инфекција, екипите ги закопуваат животните кои беа пронајдени мртви во плевните.

Во меѓувреме под урнатините на зграда слушнале звук. При претресот на теренот пронашле крава која ја извлекле. На ветеринарниот преглед било утврдено дека здравјето на кравата е добра.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Бајден: Путин мислеше дека брзо ќе го заземе Киев, но се сретна со храбоста на Украина и железната волја на нациите  

Следно

„Со СДС народната кадија те тужи, кадија ти суди, стана син те тужи, ќерка ти суди, нема функционер од власта без роднина на списокот за нови судии и обвинители“

Latest from Blog