Претседателот Пендаровски се обрати на изложбата на 54. Светска галерија на карикатури – Скопје 2022 и Остен биенале на цртеж Скопје 2022

February 23, 2023
1 min read

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер присуствуваше и се обрати на отворањето на изложбата на 54. Светска галерија на карикатури – Скопје 2022 и на Остен биенале на цртеж Скопје 2022 во Чифте амам при Националната галерија на Република Македонија.

На изложбата се поставени дела на наградени и селектирани автори, а на настанот беа доделени награди за најуспешните уметници, како и признанија на партнери и соработници на „Остен“.

Претседателот Пендаровски ја врачи наградата ГРАН ПРИ на Остен биенале Скопје 2019 на уметникот кој доаѓа од Израел, но е роден во Скопје – Мати Грунберг, кому оваа награда поради пандемијата на Ковид-19 досега не му е официјално врачена.

„Голема работа за една нација е што можеме да се пофалиме со пет и пол децениската историја на Светската галерија на карикатури. Ваквите настани се столбови на нашата култура и нашето општество, воопшто. Несомнено, како и многу други уметнички и културни случувања имаме обврска да ја негуваме и поддржуваме Светската галерија на карикатури. Активностите што ОСТЕН ги организира заедно со Светската галерија на карикатури, вклучително и Остен биеналето на цртеж се насушна потреба на нашето културно живеење. Нивната вредност никогаш не може и не треба да се мери низ комерцијалната призма.

Конзумеристичкиот свет во кој живееме не е наклонет на суптилните и навидум мали уметнички жанрови како карикатурата, но, одговорните треба да бидат свесни за нејзината вредност. Како своевиден коректив на заболените аспекти на едно општество, како предводник на слободата на изразување и заштитник на етиката и естетиката, карикатурата мора да има посебно место во нашите културни политики. Тоа совршено добро го има разбрано и нашата културна елита уште во втората половина на минатиот век кога го формирала хумористично-сатиричниот подлисток „Остен“, а меѓу тие великани, чувме и пред малку, помеѓу останатите биле и Блаже Конески, Ацо Шопов, Владо Малески, Славко Јанески, Василије Поповиќ – Цицо, Дарко Марковиќ, Димитар Чудо, Ане Василевски и многумина други“, истакна тој.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Прифаќањето украински бегалци ја чини Франција речиси 500 милиони евра годишно

Следно

Земјотрес со магнитуда од 7,2 степени на границата меѓу Кина и Таџикистан

Latest from Blog

Претставници на Меѓународната организација – Транспортна заедница во посета на Собранието

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе го посетат претставници на Меѓународната организација – Транспортна заедница. Како што информираат од собраниската прес-служба, претставниците на Меѓународната организација – Транспортна заедница ќе остварат средба

Реал и Дортмунд ќе водат битка во четвртфиналето, но браќата Белингем нема да играат еден против друг!

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд синоќа ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа меѓу осумте најдобро на Светското клупско првенство каде ќе имаат меѓусебен дуел. Многумина можеби очекуваа и братски дуел на

Трамп: Израел се согласи на „неопходните услови“ за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Газа

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел се согласил на „потребните услови“ за финализирање на 60-дневниот прекин на огнот во Појасот Газа, јавува Анадолу. Во објава на неговата платформа
Go toTop