3.260 луѓе загинаа во сообраќајни несреќи во Франција 2022 година

February 1, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Во сообраќајни несреќи во Франција минатата година животот го загубија 3.260 лица, известува Анадoлу (АА).

Според податоците на Националната меѓуминистерска опсерваторија за безбедност на патиштата (ONISR), 3.260 лица ги загубиле животите во сообраќајни несреќи што се случиле на копнените патишта низ Франција во 2022 година.

Бројот на загинати во сообраќајни несреќи во прекуокеанските француски територии изнесува 281. Оваа бројка изнесува „11 отсто повеќе од бројката на загинати во 2019 година пред избувнувањето на пандемијата на Ковид-19“.

Во Франција, каде што користењето велосипед во големите градови е вообичаена појава, 244 лица загинале во сообраќајни несреќи додека возеле велосипед. Тоа претставува раст од 30 проценти во однос на бројот на загинати во 2019 година.

Зборувајќи за францускиот печат, Флоренс Гијом, претставничката на ОНИСР, го рече следното: „За жал, забележано е алармантно зголемување на стапката на смртност кај оние кои за личен транспорт користат велосипед или моторизирани средства, како што се скутери.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Опремен кабинет со компјутери во училиште во општина Сарај 01.2.2023

Следно

Вучиќ: Гасниот интерконектор Бугарија – Србија ќе може да снабдува и други земји од Западен Балкан

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop