279 лаги, за само една тема, од само еден медиум

1 min read

Тиаби и екипата мислеле дека кога ќе најдат грешка, ќе му пишат на уредникот кој ја одобрил таа вест и готова работа. Не секогаш биле тоа апла лаги, меѓутоа честопати требало (во име на вистината) да се поправат неколку факти, да се уточни изворот и сл. 

Во фајловите имало неколку дузина дискретни инциденти околу кои и во самиот Твитер имало загриженост а верувале дека јавноста можеби ќе сака да знае за што се работи. На пример фијаското наречено „Хамилтон 68“, во кое тинк-тенк наречен „Алијанса за обезбедување демократија“, следел 600 Твитер сметки, наводно поврзани со „активности на руското влијание“. Се покажа дека главно следеле обични Американци, Канаѓани и Британци.

Таиби тој случај му го дал на помошникот Мат Орфалеа, да направи попис на сите медиумските информации во кои се спомнуваат лагите за Хамилтон 68. По некое време, овој му се пожалил дека нема шанси да ја заврши таа работа, премногу се. И дека лавовски дел од спомнувањето на тие непостоечки руски ботови отпаѓа на медиумската куќа MSNBC.

Им текнало во посебно видео да ги издвојат само спомнувањата на MSNBC на дезинформациите поврзани со Хамилтон.

Видеото трае преку 11 минути.

Лагите се спомнати 279 пати!

Само од еден медиум!

Ова е дел од новата медиумска стратегија во ерата на цензорско-индустрискиот комплекс: покрај омаловажувањето на оние кои не се согласуваат, маргинализирањето на политички идеи и контроверзни ставови, овој картел ја маринира публиката со посакуваните идеи преку чисто и немилосрдно повторување. Вие не слушате една или две приказни за руски ботови или злобни антиваксери, слушате стотици само на еден канал, а Бог знае уште колку во други „продажни места“ и преку социјални медиуми.

По некое време, гардот на конзументот на информации почнува да се спушта и проработува природниот инстинкт да почне да се плаши меѓу луѓе да кажува работи за кои мисли дека нема да наидат на одобрување.

Она што тогаш важеше за „руските ботови“, важи и денес, само за други теми.

„Колку емотикони со знамето на Украина сте виделе? Колку приказни во кои се обвинуваат сите освен очигледниот осомничен за експлозијата на Северен тек? Колку ве фаќа шубе ако посакате да кажете нешто и макар малку различно од доминантните ставови по тие теми? Наспроти она што си замислуваме, убедувањата навистина можат да се истенчат, како ќерамиди што пукаат под товарот на времето“, потсетува Мат Таиби.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

ЗЏМ: Креативна џез работилница, проектот Запа, Адедеџи со македонски музичари…на целодневен џез хепенинг на 30 април во паркот „Ибни Пајко“

Следно

Автопатите ќе чинат над 2 милијарди евра и ќе се градат 10 години, тврди врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog