24 интервју – Михалчев: Гасењето пожар е исто како и во војна, срцето затреперува секој момент

1 min read

Васко Михалчев е еден од двајцата пензионирани пилоти во Македонија кои се вратија на работа на повик на државата во борбата со пожарите.Михалчев раскажува дека државата потфрлила во секој сегмент кога се во прашање ресурсите на државата.

Најголемиот проблем започнал кога државата престанала да инвестира во аероклубовите од каде излегуваа добри пилоти. Проблемите продолжија со ниските плати за што бил принуден 14 години преку суд да се бори со државата за да му исплати тоа што било потпишано на хартија.

Михалчев вели дека кога се во прашање условите за работа тие се под секое ниво во воздухопловството, храна имаат само кога на помош доаѓаат странците а потоа на домашните пилоти се заборава.

Единствената инвестиција на државата беше таа од пред 15 години кога се купија авионите и тука заврши инвестирањето во кадар, во опрема, во специјални обуки. Платата беше една од причините поради која си заминал бидејќи не сакал да е најслабо платен пилот во светот за гасење на пожари.

Сепак Михалчев потенцира дека уште 5 пати да се роди пак ќе сака да биде пилот. 

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Протест на Друзите поради присуството на израелски министри на погребот по нападот на Голанската висорамнина

Следно

Тајланд ги укина визите за граѓаните на Албанија, сега може да патуваат без визи во 99 држави

Latest from Blog