17-годишна девојка спасена од под урнатините 78 часа по земјотресот во Туркије

1 min read

ГАЗИАНТЕП (АА) – Седумдесет и осум часа по разорните земјотреси кои во понеделникот ги погодија турските јужни области, од под урнатините спасена е една девојка, јавува Анадолу.

Акцијата на претрага и спасување продолжува во регионите погодени од земјотресите.

Спасувачки тимови утрово во Газиантеп по огромни напори успеаја да ја спасат 17-годишната девојка Унзиле Севимли која под урнатините остана заглавена дури 78 часа.

Медицинските екипи веднаш ѝ укажаа помош.

„Најмалку 12.873 луѓе загинаа, а 62.937 се повредени по двата силни земјотреси што во понеделникот го потресоа југот на Туркије“, објави Управата за вонредни состојби (АФАД).

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени со епицентар во подрачјето на Кахраманмараш, погодија 10 околни области и над 13 милиони луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

МВР „удри“ по пешаците: 197 санкции за прекршоци за само еден ден

Следно

Инвестирани 1,2 милиони денари во информатички кабинети во Бутел

Latest from Blog