Белградската филхармонија, под диригенство на легандарниот Зубин Мехта, ќе гостува во Скопје на 24 јуни, во салата на Филхармонијата. Концерт, како што соопшти Македонската филхармонија, е дел од на иницијативата „Отворен Балкан“. Осумдесет и седумгодишниот диригент во 2007 имаше концерт со Израелската филхармонија во Скопје, во тогашната „Метрополис арена“.
„Маестро Мехта, еден од најголемите диригенти на денешнината и најзначаен пријател на Белградската филхармонија е докажан авторитет во иницирањето на изградбата на мостови меѓу различните култури. Со својата единствена енергија и визија, допринесе во рушењето на бројни бариери користејќи ја моќта на музиката. Маестро Мехта со голем ентузијазам ја поддржа иницијативата ‘Отворен Балкан’ меѓу Србија, Албанија .Македонија“, вели Филхармонијата.
Покрај концертите во Белград (20 јуни), Скопје (24 јуни), Белградската филхармонија ќе одржи и концерт во Тирана (22 јуни), а на програмата на трите концерти, Мехта ќе го предводи оркестарот на Белградската филхармонија во изведбата на Симфонијата бр.7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз.
Со своите 87 години, маестро Мехта важи за еден од најзначајните диригенти на светската музичка сцена, на која е присутен повеќе од 60 години со своите настапи кои денеска важат за историски. Концертот со кој Белградската филхармонија одбележува и 100 години од основањето ќе биде негов 11 настап со овој оркестар.
Б. НЕСТОРОСКА
ИЗВОР: sdk.mk