Зошто утрово паднаа многу веб-страници и апликации?

October 20, 2025
1 min read

Масовен прекин на интернетот зафати десетици веб-страници, банки, онлајн игри и апликации, вклучувајќи ги Amazon, Snapchat и Vodafone.

Проблемите започнаа утрово и се чини дека се поврзани со тешкотии во работата на Amazon Web Services (AWS), објавува Sky News. Компанијата објави дека „итно работи на отстранување на проблемот“.

Исто така, на својата страница за следење на статусот на услугите, компанијата објави дека бележи зголемена стапка на грешки и доцнења во работењето на неколку AWS услуги.

Според страницата Downdetector, само во САД се регистрирани повеќе од 2.000 извештаи поврзани со падот на Amazon Web Services.

Меѓу апликациите и услугите погодени од проблемите се, покрај веќе споменатите, Ring, Clash Royale, Life360, MyFitnessPal, Xero, Amazon Music, Prime Video, Clash of Clans, Wordle, Coinbase, Canva, AFP, HMRC, Vodafone, PlayStation, Pokémon Go…

Клиентите на големите банки исто така имаат проблеми бидејќи Llyds Bank, Halifax и Bank of Scotland во моментов не работат.

Сè потсетува на минатата година
Во јули минатата година, глобален ИТ дефект предизвика откажување на летови низ целиот свет и го наруши работењето на бројни индустрии, вклучувајќи банки, здравствени установи, медиумски куќи и хотелски синџири.

Прекинот ги прекина интернет услугите, зафаќајќи околу 8,5 милиони уреди што работат со оперативниот систем Microsoft Windows.

И сè започна со погрешно ажурирање на софтверот во американската компанија за сајбер безбедност – CrowdStrike.

Amazon Web Services е најголемиот светски снабдувач на услуги за cloud computing. Тој нуди низа услуги за интернет инфраструктура што им овозможуваат на компаниите да изнајмуваат компјутери и сервери за да ги извршуваат своите апликации и веб-страници.

Како такви, сите проблеми во AWS можат да имаат големо влијание врз поголемиот дел од остатокот од интернетот, предизвикувајќи веб-страниците кои можеби немаат очигледна врска со самиот Amazon да паднат.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче вчера ИЗЛАЖА ЗА ПОБЕДА во плус 4 општини

Следно

Трамп тврди дека прекинот на огнот во Газа е сè уште на сила

Latest from Blog

Кајли Џенер – најмладата самостојно стекната милијардерка во светот

Џенер е основачка на козметичката компанија Кајли Козметикс (Kylie Cosmetics), која, според процените, во 2018 година остварила приход од околу 360 милиони долари. Вкупното нето богатство на Џенер се проценува на една

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци

Правните застапници на британскиот принц Хари и шест други јавни личности го обвинија „Асошиејтед њузпејперс лтд.“ – издавач на „Дејли мејл“ и „Мејл он сандеј“, за „јасно, систематско и долгорочно незаконско собирање

Бернардо Силва си оди од Манчестер Сити, Барса го убедува да дојде на „Камп Ноу“

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва сака да го напушти клубот на крајот од сезоната. Според новинарот на телевизијата „Ел Чирингито“, Нико Родригес, 31-годишниот португалски репрезентативец веќе одлучил да

Голема сообраќајна несреќа на автопатот во Mичиген: Над 100 возила вклучени во верижен судир

Над 100 возила беа вклучени во масовен верижен судир на замрзнат автопат во американската сојузна држава Мичиген. Поради несреќата, полицијата ги затвори двата правци на автопатот 196, додека надлежните служби работат на

Македонското друштво „Илинден“-Тирана против отворање мигрантски центри во Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара итно од Владата повлекување на одлуката за отворање на три прифатни центри за мигранти на територијата на Општина Пустец, во областа Преспа, и тоа: во селото Зрноско, на
Go toTop