Филипче вчера ИЗЛАЖА ЗА ПОБЕДА во плус 4 општини

October 20, 2025
1 min read

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција излажа за победа во 3 и за водство во уште ДЕВЕТ општини. Реалноста го демантира претседателот на најлузерската партија на овие избори, која изгуби неколку „бастиони“ и падна на мизерно 4-то место во Скопје. СДСМ победи во минорни 3 општини (Кривогаштани, Крива Паланка и Богданци со вкупно 28.000 гласачи во трите), и само тоа е точно, но води во само уште ПЕТ општини. За да га намали поразот, Филипче на контото на СДСМ лажно си ги додаде/прилепи Валандово, Облешево-Чешиново, Конче и Пробиштип. Во овие општини водеше и води кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, нешто што беше јасно и во текот на прес-конференцијата на „лидерот“, кој освои цели 3 општини во историскиот дебакл на партијата. Бројките не лажат, Филипче е тој кој го прави истото.

Вакво „тресење од ракавот“ на резултати му стана навика на „лидерот“, кој во два наврати се расфрлаше со лажни анкети, без изведувач, нарачател време и примерок, анкети кои испаднаа пуста желба на СДСМ, додека анектите на ИПИС кои Бихаќка ги ругаше и велеше дека се местени испаднаа скоро 100 насто точни.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонското друштво „Илинден“-Тирана со честитка до ВМРО-ДПМНЕ за победата на локалните избори

Следно

Зошто утрово паднаа многу веб-страници и апликации?

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop