Зошто Нетанјаху не го ферма Бајден?

June 27, 2024
3 mins read

Што точно тоа значеше не беше јасно, веројатно ни за Бајден. Но како човек кој генерално се восхитува на надворешната политика на Бајден, јас сакав да мислам дека претседателот сакаше да каже дека израелската инвазија на Рафа ќе доведе до прекин на трансферот на офанзивно оружје, но не и на дефанзивно оружје како проектилите за заштита од воздушни напади.

Потоа во април Бајден повторно го прозва Нетанјаху и изгледаше како тој да повлече линија која е барем розова. Тој повика итен прекин на огнот и според соопштението од Белата куќа „јасно стави на знаење дека Израел треба да објави и имплементира серија на специфични, конкретни и мерливи чекори за спречување на цивилните жртви, хуманитарното страдање и безбедноста на хуманитарните работници.“

Во изјавата стоеше и дека „Американската политика во однос на Газа ќе биде одредена од нашата проценка за претстојните постапки на Израел во однос на овие чекори.“

Во мај Бајден уште еднаш изгледаше како да постави црвена линија: „Ако влезат во Рафа, не ги снабдуваме со оружје“ што го користат против градовите, изјави претседателот за Си-ен-ен.

Сето ова изгледаше како сигнал за задоцнетата подготвеност на Бајден да му се спротивстави на Нетанјаху и да спречи хуманитарна катастрофа во Рафа. Откако отворено беше поттикнуван да направи повеќе за жителите на Газа – дури и од неговата сопруга – Бајден како да ја услови помошта за да го притисне Израел да ја преплави територијата со хуманитарна помош, да избегне инвазија на Газа, да запре со убивањето на хуманитарни работници и да се движи кон прекин на огнот.

Во периодот од овој строг априлски телефонски разговор, Бајден повторно дозволи Нетанјаху да гази по него.

Израел изврши инвазија на Рафа. Храната што стига до луѓето во јужна Газа се намалува. Најмалку дополните 15 хуманитарни работници се убиени во Газа, а Израел продолжи со безобѕирно бомбардирање како она кое предизвика пожар во кампот со шатори во Газа, во кој загинаа десетици лица.

Сега кога црвените и розовите линии на Бајден се игнорирани, што е следно што планира претседателот? Администрацијата тера со продажба на Ф-15 авиони на Израел во вредност од 18 милијарди долари; јас во принцип немам забелешка на продажбата меѓутоа тајмингот испраќа ужасен сигнал дека нема последици за игнорирање на Бајден.

„Она што Бајден му го покажа на Нетанјаху во повеќе наврати е дека тој ќе се закани со прст, меѓутоа нема да спроведе ниту една закана,“ изјави Џереми Конјндaјк, поранешен функционер на американската администрација кој е претседател на Рефјуџис интернешнл.

Војната започна откако Израел преживеа ужасен терористички напад, и тој сосема имаше право да удри на Хамас – но не и да срамни цели соседства и да изгладнува цивили. Бајден го осили Нетанјаху и го заштити во Обединетите нации дури и откако комисијата на О.Н. го прогласи Израел за виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Бајден првично како да веруваше дека тој би можел да влијае и да го воздржи Нетанјаху со тоа што ќе го држи блиску до себе. Да бидеме фер, овој пристап помогна до некаде: Израел есеноска не изврши инвазија на Либан, како што планираше, а неговата инвазија на Рафа беше поумерена отколку инвазијата на другите градови во Газа. Израел исто така дозволи да влезе повеќе храна во северна Газа.

Меѓутоа во крајна линија политиката на Бајден околу Газа му помогна на Нетанјаху да остане на власт без, според мене, да ги унапредува долгорочните безбедносни интереси на Израел. Војната ги претвори во смешка аргументите на Бајден дека САД го поддржува „меѓународниот поредок базиран на правила“ и со тоа ја поткопа американската позиција во Украина.

Во меѓувреме во неверојатна демонстрација на неблагодарност кон претседател кој му беше единствениот спас, Нетанјаху во видео на англиски јазик ја критикуваше администрацијата на Бајден за тоа што недоволно го поддржала и дека се подготвува да ја заобиколи Белата куќа и да зборува со Конгресот.

Сите знаеме дека дипломатијата вклучува стап, како и морков. Ако Нетанјаху не го сфаќа Бајден сериозно, тоа веројатно е затоа што Бајден главно зборува меко и носи голем морков.

По последниот напад од Нетанјаху врз администрацијата на Бајден од пред неколку денови, Белата куќа одговори дека ги смета забелешките на премиерот за „длабоко разочарувачки“. Ова сигурно ќе ги опамети Нетанјаху.

„Уште колку докази му требаат на Бајден дека Нетанјаху не е сојузник на САД?“ прашува израелскиот весник Харец, кој му кажува на Бајден дека Нетанјаху „го извозел.“

Ако Бајден покаже дека неговите црвени линии во Газа се безначајни, зошто тогаш Русија, Кина или Иран да го сметаат за кредибилен? Ако тој е премногу плашлив да се справи со сојузник кој е зависен од американското оружје, тогаш зошто човек би помислил дека тој може да се конфронтира со ривал?

Парадоксот е што Бајден генерално имаше успешна надворешна политика, посебно во составување на алијанса во Азија која ќе го намали ризикот од војна со Кина. Сепак сега тој се наоѓа себе си во хаос во Блискиот исток кој би можел и да се влоши. Војната во Газа, во малку посмирена верзија, би можела да трае и до крајот на годината, а Израел зборува за напаѓање на Хезболах во Либан во претстојните недели, што би започнало одделна војна која би била уште покатастрофална. Бајден се обидува да спречи војна со Либан, меѓутоа начинот на кој тој проектира слабост кон Нетанјаху го намалува неговото влијание.

Гледај, јасно ми е дека е лесно да се напишат овие критички колумни седејќи покрај аут-линијата и дека е многу потешко вистински да се преговараат политики во реалниот свет. Светот на дипломатијата секогаш има повеќе проблеми од решенија, а американската политика и снаодливоста на Нетанјаху само ги комплицираат работите. После 8 месеци непрекинат ужас на Блискиот исток, Бајден треба да признае дека неговата политика во Газа е морален, практичен и политички неуспех што не му помогна не никого освен на Нетанјаху.

Николас Кристоф,
Њујорк тајмс

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче за ТВ 24: Обидот на дел од противкандидатите да ме дискридитираат преку скриени пораки само ја слабее СДСМ

Следно

Белингам: Не знаев дека ќе играме со нив на ЕП

Latest from Blog

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со
Go toTop