Филипче за ТВ 24: Обидот на дел од противкандидатите да ме дискридитираат преку скриени пораки само ја слабее СДСМ

June 27, 2024
1 min read

„Јас останав доследен во ветувањето дека оваа кампања не треба и не смее да биде насочена кон никој од противкандидатите. Тоа само го слабее СДСМ и им дава материјал за напад на политичките противници кои гледаме дека тоа веќе го искористат. Ветив дека ќе се задржам на презентација на мојот концепт и обединувањето како предуслов за секој иден успех на партијта. Жалам што ова не го препознаваат дел од другите кандидати туку преку јавни настапи и скриени пораки се обидуваат да ме дискредитираат“, вели за ТВ 24 кандидатот за претседател на СДСМ Венко Филипче, по видеото од обраќањето на неговиот протикандидат Јован Деспотовски, од Гостивар во кое тој индиректно ги  обвини  Филипче, но и екс лидерот на СДСМ Зоран Заев дека со сила го туркаат изборот на Филипече за лидер на партијата, но и дека тој не се бори со Филипче , туку со Заев.

„Би им порачал само дека има над 23.000 членови кои ќе бираат во недела. Тие ќе одлучат кој ќе биде претседател и никој друг. Кампањата и условите во кои се води досега сметам дека се фер и демократски и затоа на 30 јуни СДСМ треба да добие нов легитимен претседател“ , вели Филипче за ТВ  24.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

САД ги повикуваат граѓаните да избегнуваат патување во Либан

Следно

Зошто Нетанјаху не го ферма Бајден?

Latest from Blog

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од

Коњановски ја прими сребрената медалистка Искра Нечаковска по успехот на Европската олимпијада по физика

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за ученичката Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, која освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика, што се одржа

Денеска на Мундијалот: БиХ на мегдан со Американците, двојна пресметка меѓу Европа и Африка

ФОТО:facebook.com/nfsbih/ Денешниот ден ќе ни понуди исто така три супер интересни натпревари од 1/16 финалето на тековното Светско првенство. БиХ игра против САД и секако дека со нетрпение го чекаме тој меч

Не пропуштај гол: Wolt го носи match-day моментот дома

Ова фудбалско лето за нас има и посебна регионална емоција, затоа што дел од фудбалските фанови со интерес ги следат натпреварите на Босна и Херцеговина и Хрватска. Има нешто препознатливо во таа
Go toTop