Зошто настана вчерашниот сообраќајен колапс во Скопје

December 23, 2023
1 min read

Невиден сообраќајен колапс му се случи вчера на Скопје. Како причини се посочија дождот, неработењето на семафорите на неколку раскрници во градот како и стопирањето на сообраќајот за да помине по некоја делегација.

Сите овие фактори придонесоа вчера да имаме нервозни возачи, караници на скопски улици, и заглавени скопјани како стојат  со своите автомобили речиси и по саат време откако тргнале да си заминат накај дома. Речиси да немаше булевар, раскрсница и семафор каде колоните возила не стоеја во место.

Се огласија од МВР за настанатата хаварија во главниот град. Оттаму велат дека според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата „Надлежен орган за управување и контрола на семафорите и сообраќајот на крстосниците на подрачјето на град Скопје е град Скопје преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС).

– “Бидејќи попладнево настана сообраќаен метеж, (на што објективно влијаеја и неколку полесни сообраќајни незгоди, но и зголемената употреба на возила од страна на граѓаните поради временските услови), а врз основа на член 5 од ЗБСП, СВР Скопје -Единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – Одделение за безбедност на патниот сообраќај постапи со цел да се овозможи поголема проточност на сообраќајот и очекувамр метежот наскоро да биде расчистен“, соопштија од МВР.

Во меѓувреме се огласија и од Град Скопје каде секако и од таму одбиваат да превземат било каква одговорност. Се што имаа да кажат беше околу доцнењето на јавниот сообраќај.

– “Се регистрираат доцнења, во разумни интервали, кои се должат на надворешни фактори (пренасочен сообраќај поради согласности на времени режими издадени од СВР за градежни работи, сообраќајни незгоди на редовна траса, исклучена светлосна сигнализација за поминување на делегации и слично) кои влијаат на застој/забавување не само на одвивањето на јавниот превоз, туку на целокупниот сообраќај“ соопштија од Град Скопје

И додека инстутциите задолжени за грижа на Скопје и скопјани си ја префрлаат вината најмногу страдаат граѓаните на главниот град.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестински новинар убиен во Газа од страна на израелската армија

Следно

ОН: Само 10 отсто од потребната помош пристигнува во Газа

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop