Зошто ако има помалку од половина апликации во однос на минатата година, сега има повеќе проекти коишто се одобрени, а буџетот е намален, прашува доц. д-р Кристина Николовска

February 16, 2023
1 min read

Анализите што ги прави опозициската партија се коректни. Буџетот е навистина намален. Во време на ковид и во време на криза имавме повисок буџет. Треба точно да се знае кој е одговорен за тоа намалување на буџетот. Зошто ако има половина апликации од минатата година сега имате повеќе проекти коишто се одобрени? Тоа нема никаква логика, вели доцен д-р Кристина Николовска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на катедрата по општа и компарративна книжевност.

Д-р Николовска е поранешна членка на Комисијата за литература и издавачка дејност за 2021 и 2022 година и во гостувањето во Студио 10 на телевизија 24 објасни како во изминатите две години работела конкретно комисијата за издавачка дејност.

Во јавноста имаше многу реакции откако беа објавени резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година.

Ние се обидовме да воведеме стандарди. Читавме околу 2.000 апликации. Во тие две години немаше поддржно проекти кои немаа врска со културата, рече д-р Николовска.

Д-р Николовска кажа дека нема увид како работела оваа комисија, но според неа, поранешната министерка Ирена Стефоска се обидела да работи поинаку.

Комисија беше петчлена, составена од различни кадри, сите имавме области за кои навистина бевме стручни. Првата работа беше стручноста на комисијата, втората беше детална проверка на судир на интереси. Нашите имиња беа под резултатите и ние со својот интегритет и кредибилитет гарантиравме зошто сме донеле таква одлука. Тоа не е и не треба да биде тајна. Луѓето треба да знаат зошто се одбиени. Можеби сме направиме превид. Во текот на жалбата имаат можност да образложат нешто повеќе за нивната апликација и со тоа и можност да не убедат дека грешно сме одлучиле, вели д-р Николовска.

Според неа, сликата што се креира во медиумите, уметникот или издавачот кој што се жали наспроти бироктратите коишто без срце одлучуваат за проектите, не е толку едноставна работата.

Имаме издавачи и уметници кои чесно работат и се трудат да врзат крај со крај со овие проекти, но има луѓе коишто  прават злоупотреби, смета доц. д-р Николовска.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

НЕГОВИТЕ ЗГРАДИ ВО ТУРЦИЈА СЕ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА – на ова туристичко место во регионот уапсениот инвеститор изградил зграда која буквално „ЛЕБДИ“ (ВИДЕО)

Следно

ОН бараат 1 милијарда долари за помош на милиони луѓе во Турција

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop