Зоран Иванов за Иван Мирчевски: Уште колку пати нејзниот директор ќе си ја слизнува престижната Канал 5 кон моралното дно?

February 21, 2025
1 min read

ТВ Канал 5 израсна во респектиран, отворен и достапен информативен медиум за плурални мислења, посебно во неколкуте информативни дебатни емисии како што е Само вистина и во четврточните интервјуа на нејзиниот Главен уредник со индивидуи и теми, главно од македонскиот политички живот, пишува поранешниот новинар Зоран Иванов во статус на Фејсбук.

Во вчерашното Само интервју, гостин и интервјуиран соговорник беше Сашо Орданоски, д-р, професор, долгогодишен афирмиран новинар, уредник и медиумски основач.

Очекувано и во нему со години својствен стил на јавни настапи, стил мошне добро познат на уредувачкиот тим на конкретната телевизија, Орданоски даде свои објективни или еве, нека се субјективни, па и негови најсубјективни оценки за пост Трамповата Америка и светот, онака лефтерно, отворено и во негов стил театрално, ако сакате, за мој вкус дури и прегаламџиски.

Педесетина минути и нешто Орданоски пред гледалиштето, но и пред искусниот водител кој не успеа доволно да му парира на својот соговорник, редеше за некого аргументи, за некого можеби квази аргументи, сеедно, редеше факти, за некого прифатливи, за некого не.

Слобода на изразување, уставна нели. И во таа и таква уставна слобода во исто така нели, слободна ТВ, Орданоски, со сиот свој децениски либерален, демократски и слободарски ментален габарит, онака на купче ги собра тоталитаристите Путин и Трамп.

Ги направи бербат.

Првиот, за руската инвазија врз Украина. Вториот, за сервилниот однос спрема рускиот претседател и за понижувачкиот однос спрема украинскиот.

И за уште многу актуелни ситуации во сличен стил излетаа низ етерот како, на пример, за тоа што мајка бара македонскиот премиер во САД со буџетски пари на партиски средби таму итн. итн.

Па нели слободна ТВ, нели слобода на јавно искажување на мислата, нели устав и бла, бла. Не се опишува или бара време да се раскаже интервјуто и настапот на Орданоски на Само интервју. Кој ќе сака да си го изгледа, ќе си го најде на интернет.

А тоа што е поводот за овие lu-ping редови е денешната шокантна реакција на директорот на телевизијата Иван С. Мирчевски на интервјуто кој, не лична, туку објави службена изјава на Канал 5 телевизија.

Службен, веројатно веќе и архивиран документ во, како за рубрика „верувале или не“, во еден од неколкуте цитати стои:

„Вчудоневидени сме од вчерашниот настап на г-динот Сашо Орданоски кој со неопислива леснотија ја таргетираше новата аминистрација на нашиот најголем стратешки партнер – САД“.

Пазете, најголем стратешки партнер. Па САД или Трамп?

Не разбирам. Еве уште еднаш: Кој ни е најголемиот стратешки партнер – САД или Трамп?

На телевизискиот директор не му е првпат со вакви и слични реакции или попрецизно, со вакви и слични испади.

И сега клучната дилема: Орданоски го навреди Трамп или Мирчевски ја навреди медиумската слобода?

Мојот одговор се насетува низ горните редови.

Но прашањето ми е:

Уште колку пати нејзиниот директор ќе си ја слизнува престижната ТВ Канал 5 кон моралното дно?, пишува Иванов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Само една контрола на граничниот премин „Блаце“ – Тошковски: Во април ќе се стави во функција „Оне Стоп Шоп“

Следно

Размената продолжува: Израел во сабота ќе ослободи 602 Палестинци, Хамас ќе ослободи шест заложници

Latest from Blog

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството

Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој

Министерство за финансии: Нови 2,9 милиони евра за поддршка на инвестициите во домашните компании

12 август 2026, Скопје – Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во

Халанд не може да биде капитен на Сити зошто постигнува премногу голови!

ФОТО: Manchester City/FB Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, изјави дека нема намера да му ја предаде капитенската лента на Ерлинг Халанд бидејќи Норвежанецот постигнува премногу голови. Халанд се смета за нов

Нови напади врз бродови, додека разговорите за крај на војната САД – Иран наидоа на нов ќорсокак

Нападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен. Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за
Go toTop