ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА „АНАТОМИЈА НА ПАДОТ“ НА ФРАНЦУСКАТА РЕЖИСЕРКА ЖУСТИН ТРИЕТ

May 28, 2023
2 mins read

„Анатомија на падот“ на францсуката режисерка Жустин Триет ја освои Златната палма на годиннашниот Кански филмски фестивал што заврши синоќа. Филмот е судска драма која ја истражува вината или невиноста на популарната романсиерка (Сандра Хулер), обвинета за убиство на нејзиниот сопруг. Триет е третата жена што ја освоила Златната палма досега (по Џејн Кемпион за „Пијано“ и „Титан“ од Жулија Дукурно, која годинава беше жирито). Наградата ѝ ја додели Џејн Фонда, која забележа до каде стигнал Кан откако таа првпат била на фестивалот – рекордни седум жени во конкуренција. Триет истакна дека ги признава протестите против француската пензиска реформа, кои беа забранети на фестивалот.

Гран при доби „ Зона на интерес“ на Џонатан Глејзер. (Фото: АФП)

Дукурно ја додели Гран при на „ Зона на интерес“ на Џонатан Глејзер. Адаптацијата на романот од Втората светска војна на Мартин Амис (кој почина за време на фестивалот), го прикажува приватниот живот на германски командант (Кристијан Фридел) одговорен за егзекуција на безброј Евреи во Аушвиц. Филмот ги остава тие ужаси главно вон екранот, додека се фокусира на командантот и неговата сопруга (Хулер, која глуми и во добитникот на Златната палма) и нивниот морал.

Најдобар актер е Коџи Јакушо. (Фото: АФП)

Наградата за најдобар актер ја доби Коџи Јакушо, кој глуми човек од работничката класа од Токио во „Совршени денови“ на Вим Вендерс. Ликот ги поминува своите утра чистејќи ги јавните тоалети низ градот, додека си остава слободно време да чита книги, да одгледува дрвја и да ги набљудува луѓето околу него. Наградата за најдобра актерка беше изненадување, ја доби турската актерка Мерве Диздар за улога на наставничка во селско училиште во „За сувите треви“ на Нури Билге Џејлан.

Мерве Диздар е најдобра актерка. (Фото: АФП)

Сакамото Јуџи ја освои наградата за сценарио за „Чудовиште“ на Хироказу Коре-еда, кој исто така ја доби и Квир палмата, додека финскиот режисер Аки Каурисмаки ја доби наградата на жирито за „Паднати лисја“, навидум безвременска љубовна приказна меѓу двајца странци кои се борат да да ги задржат своите работни места во контекст на војната во Украина.

Сакамото Јуџи ја освои наградата за сценарио. (Фото: ФП)

За најдобар режисер е прогласен Тран Ан Хунг за „Пот о фе“ (според истоименото француско јадење слично на трулитава), приказна за заедничката страст помеѓу познат гурман (Беноа Мажимел) и неговата готвачка (Жилиет Бинош) што се случува во Франција во 19 век . При примањето на наградата, режисерот ѝ се заблагодари на сопругата, а потоа се поправи и ја нарече „мојата готвачка“.

На чело на жирито беше Рубен Остлунд, кој лани по втпрпат доби Златна палма, а сега наградите ги додели заедно со колегите актери Пол Дано и Бри Ларсон, мароканската режисерка Мерјам Тузани, францускиот актер Денис Меноше, британско-замбискиот писател-режисер Рунгано Ниони, авганистанскиот автор Атик Рахими, аргентинскиот писател-режисер Дамјан Шифронау и француската режисерка Жулија Дукурно.

Наградата Златна камера за најдобро деби, која ја избира друго жири, ја доби тричасовниот уметнички филм на виетнамскиот режисер Тиен Ан Фам „Внатре во жолтата кожурка“, кој премиерно беше прикажан во селекцијата Кензен -15 дена на авторите.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Чавушоглу гласаше на изборите во Туркије

Следно

Ердоган гласаше во Истанбул: Изборите нека бидат од корист за целата земја и граѓаните

Latest from Blog

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото

Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. По дојавата, полицијата веднаш

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Колумбија денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри, додека на површината бил најблиску

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но
Go toTop