ЗЛАТНА МЕЧКА НА БЕРЛИНАЛЕ ЗА ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „ДАХОМЕЈ“ НА МАТИ ДИОП

February 24, 2024
1 min read

„Дахомеј“, документарецот на француско-сенегалската режисерка Мати Диоп, ја освои Златната мечка за најдобар филм на 74. Филмски фестивал во Берлин. Повеќеслојниот документарен есеј го истражува враќањето, во ноември 2021, на ограбените кралски богатства на африканското кралство Дахомеј од Париз во денешна Република Бенин, испитувајќи го комплицираниот одговор на оние во Бенин, чија култура се развивала повеќе од еден век без овие артефакти.

Диоп даде директна политичка изјава кога на сцената ја прими награда, извикувајќи „Стојам зад Палестина!“

Претседателката на жирито на Берлиналето, оскаровката Лупита Нионго, го објави добитникот на Златната мечка. Таа е првата црнкинка и прва Африканка која претседава со жирито на Берлинале.

„Дахомеј“ е втор африкански филм кој ја освоил главната награда на Берлинале, по јужноафриканската оперска драма на Марк Дорнфорд-Меј, „Диши Умфелумо“ во 2015. „Дахомеј“ е исто така втор документарец по ред што ја зема „Златната мечка“, по „На Адамант“ на францускиот режисер Николас Филибер минатата година.

Хонг Сангсо, редовен добитник на награда на Берлинале – ги освои Сребрените мечки во 2020 за „Жената што трчаше“, 2021 за „Увод“ и 2022 за „Филмот на романсиерот“ – овојпат освои Гран при на жирито-Сребрена мечка за „Потребите на патникот“, негова трета соработка со француската ѕвезда Изабел Ипер.

За најдобар режисер е награден доминиканскиот автор Нелсон Карлос Де Лос Сантос Ариас за „Пепе“, необична комбинација на документарец и фикција за нилски коњ донесен во Колумбија од кралот на дрогата Пабло Ескобар (филмот го раскажува нилскиот коњ). Научно-фантастичната пародија „Империја“ на францускиот автор Бруно Думон, ја доби Наградата на жирито-Сребрена мечка.

Себастијан Стен, ја освои Сребрената мечка за најдобра главна улога за извртената басна „Поинаков човек“ на Арон Шимберг сместена во Њујорк, во која тој глуми човек кој се подложува на радикална пластична операција и почнува да го доведува во прашање својот идентитет. Емили Вотсон ја доби наградата за најдобра споредна улога за застрашувачката калуѓерка во ирската драма „Мали нешта како овие“ на Тим Миелантс во која игра заедно со ѕвездата Килијан Марфи и која го отвори Берлинале.

Како гест на политичката дебата околу војната во Газа, која засени голем дел од дискусиите за филмовите на овогодинешното Берлинале, меѓународното жири додели Специјална награда за документарен филм за „Нема друга земја“, отрезнувачки поглед на обидите на израелската влада да ги протера Палестинците во Масафер Јата, село на окупираниот Западен Брег, во режија на колектив израелски и палестински филмаџии. „Нема друга земја“ беше прикажан во програмата Панорама, каде што ја доби наградата од публиката за најдобар документарен филм.

Излегувајќи на сцената, двајца од режисерите на филмот, еден Израелец, еден Палестинец, ги повикаа „моќните луѓе во оваа просторија“ да повикаат на прекин на огнот во Газа и да „запре окупацијата“ на Западниот Брег од Израел. Во најмала рака, рече еден од режисерите, Германија треба да престане да испорачува оружје на Израел.

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изградил станбен објект на туѓ имот, кривична за жител на дебарското село Могорче

Следно

Четири знаци кои ги очекуваат големи промени во март: Астролозите ви испраќаат добра вест, еве како да не ја пропуштите

Latest from Blog

Божиновска: Стопанската комора ќе се вклучи во подготовката на новата Стратегија за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на Стратегијата за рударство,

Проданоски: Прилеп ќе добие обновена спортска сала со 1.959 седишта

Општина Прилеп ги завршила потребните административни процедури и активности за целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“, со што се создадени предуслови за реализација на проектот, информира градоначалникот Дејан Проданоски. Планираната инвестиција изнесува

Проданоски: Четири милиони денари за нов простор за игра на децата во населбата „Типски“

Ново детско игралиште е изградено во прилепската населба „Типски“, со инвестиција од четири милиони денари и поддршка од Министерството за спорт преку владиниот повик за децентрализација на средствата, информира градоначалникот Дејан Проданоски.

Се шират шпекулации дека Ким Џонг Ун е мртов. Северна Кореја објави нови негови фотографии.

На фотографиите се гледа како Ким разгледува детски обувки и женска облека. Оваа објава доаѓа во време на шпекулации за здравствената состојба на 42-годишниот лидер и за можна криза околу наследувањето на
Go toTop