Златна „Камера 300“ за кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин

September 30, 2023
1 min read

Кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин од Турција се годинешни лауреати на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој синоќа заврши во Битола.

Златната „Камера 300“ на Сахин и Уресин им е доделена за мајсторството кое го покажаа во филмот „За сувите треви“ со што се збогати нивниот личен фонд на награди меѓу кои се наградата за најдобра камера на Филмскиот фестивал во Истанбул, како и три награди на филмскиот фестивал „Златен портокал“ во Анталија.

Со одлука на стручно жири, сребрена „Камера 300“ на сцената во Битола му беше врачена на кинематограферот Ченгма Жијуан, член на кинеското друштво на кинематогарфери, а бронзена „Камера 300“ беше доделена на кинематограферот Паоло Карнера.

Пред спуштањето на филмското платно, на фестивалската сцена во Битола беа доделени награди и специјални признанија за документарен филм, студентска програма и краткометражен филм, кристална и железна „Камера 300“, а меѓу наградените беа и македонските кинематографери Стефан Ѓоргиевски кој доби специјално признание за неговиот придонес во филмот „Мавера“ и Наум Доксевски, кинематографер во филмот „Домаќинство за почетници“.

Според востановената традиција, специјалната златна „Камера 300“ за посебен придонес во филмската уметност која годинава му припадна на Шејмус Мекгарви, ја врачи покровителот на фестивалот, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Лауратот Мекгарви во Битола одржа мастер клас, два пати е номиниран за Оскар за најдобра фотографија-кинематографија во филмот „Покајание“ и за филмот „Ана Каренина“. Во својата кариера, Мекгарви е потписник на педесеттина филмови, меѓу кои „Педесет нијанси на сивото“, „Годзила“, „Величествениот шоумен“…, а неговиот најнов филм „Вонка“, каде исто така е кинематографер, премиерно ќе биде прикажан оваа година, во декември.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Утрово најстудено во Лазарополе, измерени 4 степени!

Следно

(ВИДЕО) Кога срцето продолжува да чука – сторија за животот по трансплантација

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop