„Жолтата куќа“ од Колорадо

January 5, 2023
1 min read

Макималната казна затвор за такво дело ја доби 46-годишната Меган Хас која менаџирала со фирма за погреби, но истовремено, од истата зграда управувала и со донаторски сервиси. 

Нејзината 69-годишна мајка, Ширли Кох, која своерачно ги транжирала телата, е осудена на 15 години. 

Судскиот случај против двете жени беше инициран од истражувачка сторија на Ројтерс од 2018-та, во која вработени во погребното сведочеле за тоа што се случува зад затворени врати во погребното во Колорадо. 

Измамите се однесувале и на кремирања. Наплаќајќи и по 1.000 долари за непостоечки кремирања, тие измамиле преку 200 семејства. 

Научните институциите што ги откупувале органите се изоставени од постапката, под претпоставка дека не знаеле на кој начин се прибавени органите.

Во САД е нелегално да се продаваат органи како срца, бубрези и тетиви – тие мора да бидат донирани. Меѓутоа, продажбата на некои други делови како што се глава, раце и р’бети, со кои тргувала Хас, не се регулирани со федералните закони. 

За разлика од нејзината мајка, Хас одбила да преземе одговорност за стореното. Нејзината адвокатка пак, смета дека е нефер за неа да се зборува како за вештерка, чудовиште или изрод, вели, се работи само за скршена жена чии постапки се резултат на повреда на мозок што ја претрпела кога имала 18 години.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Трогателни сцени во Рим на првиот натпревар на Болоња по смртта на Миха

Следно

ВМРО НП: Да се бојкотира палењето огнови за Бадник

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум
Go toTop