Жена се обидела да го отруе Трамп – се соочува со повеќе од 20 години затворска казна

January 26, 2023
1 min read

Канаѓанката Паскале Фериер се изјаснила за виновна за испраќање заканувачко писмо натопено во рицин, потенцијално смртоносен отров, до поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во Белата куќа во 2020 година, пренесува Си-Ен-Ен.

Во писмото таа му порачала на Трамп да се откаже и да ја повлече својата кандидатура. Меѓутоа, писмото било пресретнато од службата за сортирање пошта пред да стигне до својата дестинација.

Фериер, исто така, се изјасни за виновна за испраќање слични заканувачки писма до полицијата во Тексас.

Се очекува таа да добие повеќе од 20 години затвор, а пресудата е закажана за април.

Според обвинителството, Фериер преработувала рицинусово масло за да направи рицин, а потоа го испратила на Трамп во писмо во кое го нарекува „одвратен тирански кловн“.

„Ако ова не ја заврши работата, ќе најдам подобар рецепт за друг отров, а можеби ќе го употребам и мојот пиштол кога ќе можам да дојдам. Уживајте. Слободен бунтовнички дух“, се наведува во писмото.

Таа е уапсена додека се обидувала да премине од Канада во САД, а со себе имала пиштол, нож и неколку стотици куршуми. Во Канада дошла од Франција и има државјанство на двете земји.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Трамп ќе може да се врати на Фејсбук и Инстаграм

Следно

„Ќе ги победите како што ние со УЧК ги победивме Македонците“: Ахмети им дал совет на Украинците никогаш да не се предаваат

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop