Жена и малолетник загинаа во тешка сообраќајка на патот Крушево–Кривогаштани, тешко повредени се уште три лица

August 3, 2023
1 min read

Несреќата се случила откако С. С. (35) изгубил контрола над патничкото возило „алфа ромео“, по што излетал од патот Крушево–Кривогаштани кај местото викано „Студена вода“. Во моменот на несреќата во возилото имало пет лица, од кои три малолетници

Триесет и тригодишна жена и малолетник се жртви во вчерашната тешка сообраќајна несреќа што околу 17 часот се случила на регионалниот пат Крушево–Кривогаштани.

Несреќата, како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), се случила откако С. С. (35) од с. Канатларци изгубил контрола над патничкото возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски таблички, по што излетал од коловозот кај местото викано „Студена вода“.

Во моменот на несреќата во возилото имало пет лица, од кои три малолетници.

По сообраќајката, во Општата болница во Прилеп биле пренесени 33-годишната Џ. С. од с. Канатларци и еден од малолетниците. Жената им подлегнала на повредите во самата болница, а детето било препратено на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, но при транспортот починало.

„Со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште двајца малолетни сопатници“,

соопштија од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Крушево.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Америка и треба делумна мобилизација

Следно

Тајфунот Доксури усмрти 53 лица на Филипини, раселени се речиси 290.000 лица

Latest from Blog

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот. На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,
Go toTop