Жан-Мари Дружу: Многу од сцените во „Нотр дам гори“ се снимени во студио

September 29, 2023
1 min read

Кинематограферот од Франција, Жан-Мари Дружу, денеска во киното „Манаки“ во Битола одржа работилница, на која зборуваше за снимањето на филмот „Нотр Дам гори“. Дружу, кој тукушто го заврши снимањето на својот 60 филм во неговата кариера, е номининаран и наградуван за најдобра кинематографија и е поранешен претседател на француската Асоцијација на кинематографери.

Ова е филмско искуство како ниедно друго. Вистинска приказна за мажите и жените кои го спасија Нотр Дам“, се вели во трејлерот за филмот, кој го видоа присутните во публиката во киното „Манаки“.

На 15 април 2019 година, катедралата Нотр Дам во Париз ја зафати голем пожар, со што ја доживеа најголемата катастрофа во својата историја. И мажи и жени ги ставија своите животи во ризик за да го спасат ова многу важно историско обележје.

Сценариото за филмот е пишувано за време на пандемијата. Тогш започнавме и со препродукцискиот процес. За потребите на филмот беше изработена и пластична макета. Моравме убаво да објасниме што е целта и како сакаме да се одвива приказната во филмот. Снимавме во катедралите Бурж и Сенс, заради сличноста со Нотр Дам“, рече Дружу.

Откако режисерот Жан Жак Анауд му го дал сценариото, Дружу вели дека во него имало бројче за секоја сцена која треба да биде снимена.

Многу од сцените кога гори оганот се снимени во студио. Кога започнува Нотр Дам да гори, многу е темно. Снимав ноќе затоа што можев точно да го контролирам светлото коешто го употребував. Сите останати сцени се во дневно време снимени, а само кога катедралата гори, се снимени ноќе, рече кинематограферот.

Прикажувајќи видеа од тоа како течело снимањето на филмот, Дружу кажа дека два месеци пред снимањето, се правеле тестови за да се види како ќе изгледа пожарот.

Многу денови поминавме во студио тестирајќи оган. Многу пожар тестови направивме. И со пожарникарите поминавме многу време додека го објасниме целиот процес. Ова беше прилично предизвикувачка работа“, додаде кинематограферот.

Пред снимањето на филмот биле потребни девет месеци за целата сценографија и снимањето на филмот. Освен во катедралата Бурж, се снимало и во катедралата Сенс, како и во студио.
Во април 2020 година, режисерот на филмот Жан Жак Анауд соопштил дека сака да направи филм за пожарот во катедралата. Снимаето започнало во 2021 година во март. Катедралата Бурж била користена поради нејзината сличност со Нотр Дам. Екипата потоа почнала да снима во студиото во Cité du Cinéma. Во филмот има сцени снмени во Версај, како и во катедралата во Амиен, чиј врв и одредени делови од зградата се слични на оние на Нотр-Дам.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на „Бела ноќ“ 2023

Следно

Кина и Индија се тужакаат кој подобро паркирал на Месечината

Latest from Blog

Оваа Шпанија е како казнена експедиција, никој ништо не и може, па ни Мбапе!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Мајсторија, тимска игра, доминација, брутална лекција, казнена експедиција…ова се генерално заклучоците од првото финале на СП. Шпанија по вторпат по својата историја, по 2010, ќе атакува на својата втора титула и

Сè повеќе Германци не сакаат во војска

„Во првите шест месеци од оваа година, примивме 5.862 барања, што е многу повеќе од минатата година, кога беа примени вкупно 3.879 барања“, се вели во соопштението на Федералната канцеларија за семејни

Завршија градежните работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, од утре ќе почнат да сообраќаат возовите на релација Скопје – Битола и и Битола – Скопје

ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе

Полувреме: Ојарзабал од пенал за водство на “Фуријата“, “страшната“ Франција е непрепознатлива!(ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Франција – Шпанија 0:1 е резултатот по првото полувреме од првото полуфинале кое се игра во Далас. Се играше 20.минута кога Дињ го фаулираше Јамал за чист пенал за “Фуријата“. Ојарзабал

Норвешката принцеза доби трансплантација на бели дробови: Длабоко сум благодарна

52-годишната принцеза е „најдобра колку што може да се очекува под овие околности“, соопшти палатата. Таа ќе ги помине следните шест месеци во рехабилитација, а нејзиниот напредок ќе биде внимателно следен за
Go toTop