Жално е што Филипче, како поранешен министер, се одлучи да го брани Паноски во име на СДС, наместо да ја брани вистината и транспарентностa

January 24, 2025
1 min read

Ја разбираме нервозата на Пановски, но не можеме да премолчиме дека оваа реакција е одраз на стравот од вистината. Зад бомбастичните изјави и заканите со тужби се крие „путерот на глава“ од огромните профити кои се прават на лековите за болните – профити кои се прават на грбот на македонските граѓани кои плаќаат скапи лекарства додека се борат за живот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дополнително, жално е што Венко Филипче, како поранешен министер, се одлучи да го брани Пановски во име на СДС, место да ја брани вистината и транспарентноста. Неговиот обид да ги замолчи сомнежите само ги потврдува прашањата кои јавноста веќе ги поставува: Колкави се вистинските екстра заработки на фармацевтската мафија? Кој профитира на страдањата на болните?

Пановски и Филипче можат да се обидуваат со тужби да ја замолчат вистината, но не можат да го избришат срамот кој го оставија зад себе. „Мафија на смртта“ не е само политички термин – тоа е реалност која ги уништува животите на македонските семејства веќе три децении.

Уште еднаш го повикуваме Фондот за здравствено осигурување да ја објави целосната вистина за екстра профитите на оваа „мафија на смртта“. Ја повикуваме јавната обвинителка, и целокупниот правосуден систем, да преземат итни и решителни мерки за да се стави крај на оваа долгогодишна неправда.

Македонија заслужува здравствен систем кој работи за граѓаните, а не за лични интереси на поединци и групи кои профитираат од страдањето на болните, стои во партиската реакција.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер за надворешни работи во Анкара ја прими високата претставничка на ЕУ за надворешна политика

Следно

Ни требаат ли уште трговски центри? Владата ги прошири намените на унгарскиот кредит за фирмите

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop