Зградата од милијарда долари во која никој не сака да живее

May 23, 2023
1 min read

Локациски единствена позитивна страна на зградата, која го доби името Корниш само за да асоцира на француската ривиера, е што се наоѓа на самиот брег на Хонгконг со поглед на Јужнокинеското море. Затоа слабата страна вклучува тоа што се наоѓа меѓу фабрика за преработка на отпадни води и авто-школа, а во близина на трговски центар (преадаптиран од индустриска зграда) во кој се продава облека и мебел на попуст.

Според тамошна агенција за недвижности, од вкупно 295 станови што ги има облакодерот, до 22 мај продадени се само 3.

Освен положбата, на инвеститорите низ годините им се трупаат системски проблеми, прво кинеската влада почнува да го ограничува претераното задолжување на градежните компании, се случуваат економските проблеми од ковидот, а пазарот на недвижности во Хонгконг се замрзнува заради протестите, политички притисок од Кина и ограничување на патувањето.

Неколку години подоцна, во јануари 2023 почнува продажбата на првите станови кои се продадени по цена од 20 до 23 милиони (американски) долари или околу 63.000 долари за метар квадратен (6.300 долари за квадратна стапка), што според Блумберг е 79% поскапо од цената на квадрат во Бел-ер резиденс која служи како бенчмарк за цените на недвижностите во Хонгконг.

50% од Корниш е инвестиција на Логан груп и КВГ груп, некогаш едни од најголемите градежни компании во Кина, кои се околу 10 милијарди долари заглавени во долгови.

Заради сопствениците и проблемите со кредити, Корниш станува главна мета за запленување за покривање на дел од трошоците. Ако тоа се случи, први ќе бидат обесштетени банките, а по нив на ред доаѓаат и сопствениците на акции. За Логан и КВГ проблем е и што запленувањето имот на Хонгконг е далеку полесно отколку во остатокот на Кина.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Учениците од „Илија Николовски-Луј“ Гоце Златев и Магдалена Дрмач дел од програмата на чествувањето на Кирил и Методиј во Рим

Следно

Македонскиот државјанин ранет на Врачар се нашол на погрешно место во погрешно време

Latest from Blog

Андоновски: Дигиталната трансформација мора да биде достапна за сите, промоција на е-Киоск терминалите и е-Сандаче

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со претседателот на ладата Христијан Мицкоски, се обрати на конференцијата за промоција на националната ИКТ Стратегија СМАРТ/МК 2030, нагласувајќи дека дигиталната трансформација се реализира преку

The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 – Конференција што ја обележа годината

Со силни пораки, визионерски дискусии и присуство на најрелевантните носители на одлуки, годинашното издание на The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 официјално се заокружи како најпрестижната бизнис и економска конференција одржана

Фото: Сексапилната Џенифер Лопез

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез се појави на насловната страница на бројот „The Envelope“ на „Лос Анџелес Тајмс“, посветен на жените во филмот, оставајќи силен впечаток со своите модни избори

Осомничениот за пукањето на Универзитетот Браун пронајден мртов

Осомничениот за масовното пукање минатиот викенд на Универзитетот Браун е мртов, изјави американски адвокат, додека властите истражуваат дали истото лице го убил професорот на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) два дена по
Go toTop