Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

January 20, 2023
1 min read

За три сантиметри е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се исти како вчера.

Со тоа, според резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Дојранското Езеро е за 2,57 метри повисок од просекот за јануари. Нивоата, пак, на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,83 метри кај Преспанското и за 19 сантиметри кај Охридското Езеро.

Водостоите на реките во земјава најчесто се во рамките на повеќегодишниот просек за овој период од годината, но речиси кај сите имаат благо зголемување во споредба со вчера. Најголемо зголемување на нивото во последните 24 часа, за повеќе од три и пол пати, има реката Брегалница на мерното место кај Берово.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стефковски се сретна со пензионерите во Гази Баба

Следно

Албанија: Привремено прекината наставата во 56 училишта поради лошо време

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop