Земјотрес со сила од 2,9 степени според Рихтеровата скала вечерва е почувствуван во Скопје и околината.
Според специјализираната светска интернет страница за следење на потресите ширум светот ЕМСЦ, земјотресот бил во 21.47 часот на оддалеченост од 24 километри источно од Скопје, односно 13 километри североисточно од Илинден.
Хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од 8 километри.
ИЗВОР: kurir.mk