Земјотрес со јачина од 7,3 степени ја потресе пацифичката држава Вануату, загинаа 14 лица

December 18, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала ја потресе островската држава Вануату во Тихиот Океан. Во потресот животот го загубија 14 лица, известува Анадолу.

Кејти Гринвуд, претставничка на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ), на профилот на социјалните мрежи X објави дека продолжуваат напорите за пребарување и спасување на погодените од земјотресот.

Нагласувајќи дека има потреба од прва помош, засолниште и вода, Гринвуд во објавата наведе дека во земјотресот загинале 14 лица, а 200 лица се повредени.

Генералниот секретар на ИФРЦ, Јаган Чапагаин, во објавата на својот профил на платформата X, наведе дека е загрижен поради земјотресот во Вануату и дека се оштетени некои важни инфраструктури, како што се канцеларијата на Црвениот крст и аеродромските писти во земјата.

Чапагаин рече дека тимовите на Црвениот крст се подготвени да обезбедат помош.

Земјотресот со интензитет од 7,3 степени по Рихтер во Вануату вчера се случил на отворено море, 30 километри од главниот град Порт Вила, на длабочина од приближно 57 километри.

По земјотресот било дадено предупредување за цунами што подоцна е повлечено.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби да не се пазари и да не бега, да се врати во Македонија и да си докаже пред суд колку е чист како солза како што самиот тврди, и доколку има храброст да се соочи со доказите

Следно

Слот за реакциите кон судиите: Грешка е тоа што понекогаш мислам дека сите се против мојот тим

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop