Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја затресе централна Турција

1 min read

Најмногу бил погоден округот Бор, а досега не се пријавени жртви

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја затресе централната провинција Нигде во Турција.

Земјотресот бил со длабочина од 7 километри и најмногу се почувствувал во округот Бор во 1:27 часот по локално време, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи, пренесе агенцијата „Анадолија“.

Досега не се пријавени жртви.

Земјотресот доаѓа во период кога Турција се справува со катастрофалните последици што го погодија југоисточниот цел на државата на 6 февруари. Двата земјотреси беа со јачина од 7,7 и 7,6 степени во центарот на Кахарманмрас, а погодија уште десет други провинции, како и Сирија. Во земјотресите загинаа над 44 илјади луѓе.

По нив, беа регистрирани стотици земјотреси како афтершокови, но на 20 јануари беа регистрирани два посилни земјотреси во областа Хатај со јачина од 6,4 и 5,8 степени. Во нив, имаше над десет загинати.

ФОТО: EPA-EFE/DENIZ TEKIN (архива)

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Бислимоски реагира: „Водовод“ лаже дека не барал поскапување на водата

Следно

ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ОД БИТОЛА ЌЕ РАСПИШЕ КОНКУРС ЗА МАКЕДОНСКИ МОНОДРАМИ

Latest from Blog