Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди турската област Хатај

March 1, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Земјотрес со јачина од 4,4 степени го погоди подрачјето на Антакија во турската област Хатај, пренесува Анадолу.

Информацијата преку соопштение ја потврди турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД).

Во соопштението објавено на интернет страницата на АФАД се вели дека земјотресот се случил во 10:20 часот по локално време.

Се додава дека земјотресот со јачина од 4,4 степени се случил на длабочина од 11,06 километри.

Инаку, на 6 февруари, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтеровата скала погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Над 13 милиони луѓе во Туркије се погодени од земјотресите, и многу луѓе во северозападна Сирија.

Во земјотресите во Туркије животот го загубија 45.089 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Колку негрижа можат да издржат браните во Македонија?

Следно

Генералниот секретар на ОН, Гутереш, за прв пат по 6 години во посета на Ирак

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop