Зеленски: Западните земји сè уште испраќаат опрема во Русија

June 27, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека некои западни земји сè уште испраќаат опрема во Русија, помагајќи ѝ да произведува оружје, и покрај меѓународните санкции, пренесува Анадолу.

„За жал, дури и западните земји сè уште продолжуваат да ја снабдуваат Русија со опрема и клучни компоненти“, рече Зеленски на конференцијата за новите санкции против Москва, објави државната новинска агенција Укринформ.

Тој додаде дека украинските експерти пронашле „стотици типови“ странски делови во руски дронови и ракети.

Зеленски рече дека Русија зависи од светот за да го добие она што ѝ е потребно за својата војска. Тој нагласи дека Русија користи тајни начини за да ги избегне санкциите и да купува машини и алатки за своите фабрики за оружје.

„Руските ракети и дронови се произведуваат со употреба на увезени делови. Нивната економија зависи од парите од нафтата и гасот. Нивната богата елита сака Западот да ги запре санкциите“, рече украинскиот претседател. „Сѐ дека Русија ја продолжува оваа војна, светот мора да остане затворен за нив.“

Зеленски повика на нов систем со цел да се спречат земјите да продаваат стоки што би можеле да се користат за оружје. Тој рече дека руските фабрики за оружје добиле машини од најмалку 12 земји оваа година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје денеска беше втор најтопол град на Балканот

Следно

Ракометниот првак Е.Пелистер ги доби ривалите во групната фаза во ЛШ

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop