Зеленски за тензиите меѓу Русија и „Вагнер“: Оние што го избираат „патот на злото“ се уништуваат сами себе

June 24, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Влaдимир Зеленски изјави дека оние што го избираат „патот на злото“ се уништуваат сами себе, коментирајќи ги неодамнешните судири меѓу Русија и паравоената група „Вагнер“, јавува Анадолу.

„Секој што го избира патот на злото, се уништува себеси. Праќа колони војници да ги уништат животите на друга земја и не може да ги спречи да бегаат и да изневеруваат кога животот се спротивставува“, рече Зеленски во изјавата објавена на Телеграм.

Зеленски рече дека рускиот претседател Владимир Путин „ги презира луѓето“ и фрлил стотици илјади во војната во Украина само за „на крајот да се забарикадира во Московскиот Регион од оние што тој самиот ги вооружува“.

Зеленски понатаму рече дека Русија користела „пропаганда“ за да ги „маскира својата слабост и глупоста на нејзината влада“, но дека „ниту една лага не може да го скрие тоа“ сега поради големиот хаос што владее.

„Слабоста на Русија е очигледна. Целосната слабост. И колку подолго Русија ги држи своите војници и платеници на наша земја, толку повеќе хаос, болка и проблеми ќе има за себе подоцна. Ова, исто така, е очигледно“, нагласи Зеленски.

Путин го обвини шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, за „предавство“ откако борците од регионите во Украина под руска контрола влегоа во рускиот град Ростов рано утрово.

Тензиите меѓу Москва и паравоената група се зголемија откако Пригожин ги обвини руските сили дека ги напаѓаат неговите борци.

Русија доцна синоќа ги негираше тие тврдења и издаде наредба за апсење на Пригожин.

Пригожин последните месеци континуирано ја обвинуваше Русија дека не ѝ испорачува доволно оружје на паравоената група што се бореше заедно со руската армија во Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Силно невреме со град го зафати Охридскиот Регион, реки вода течат по улиците

Следно

Авионот на Путин полетал на север и исчезнал од радарите

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop