Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата

March 21, 2026
1 min read

Светскиот ден на шумите, Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ја информира јавноста дека во текот на наредниот месец започнува јавната расправа за новиот Закон за заштита на природата. Со оваа законска регулатива суштински се унапредува заштитата на природните екосистеми, со посебен акцент на зачувување на шумските предели.

Шумите претставуваат еден од најзначајните столбови на нашето природно богатство, кои покрај тоа што се дом на богат биодиверзитет, обезбедуваат чист воздух и вода и имаат клучна улога во ублажувањето на ефектите од климатските промени. Интегралната заштита и стратешкото управување со овие ресурси се од суштинско значење за одржување на природната рамнотежа и обезбедување на еколошка стабилност на државата.

Министерството упатува отворен повик до надлежните институции, стручната заедница и граѓанскиот сектор за активна вклученост во претстојниот консултативен процес. Заштитата на природата е заедничка општествена одговорност и директна инвестиција во иднината, поради што е неопходен широк придонес во креирањето на квалитетно и сеопфатно законско решение, кое ќе одговори на современите еколошки предизвици.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Животниот век во Македонија е за пет години пократок од ЕУ

Следно

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop