Зеленски во посета на Лондон – најави суштински преговори со Сунак

May 15, 2023
1 min read

„Обединетото кралство е лидер кога станува збор за проширување на нашите способности на земја и во воздух. Оваа соработка ќе продолжи и денеска. Ќе се сретнам со мојот пријател Риши. Ќе водиме суштински преговори лице в лице и на ниво на делегации“, напиша украинскиот претседател на Твитер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да допатува во Лондон каде ќе се сретне со премиерот на Велика Британија Риши Сунак. Посетата, која претходно не беше најавена, доаѓа во период кога украинскиот претседател врши притисок врз европските лидери за дополнителна воена помош за неговата земја во војната со Русија.

Момент од претходната средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот на Велика Британија Риши Сунак/Фото: Архива

За посетата, преку објава на својот твитер-профил, информираше самиот Зеленски, кој напиша дека ќе се сретне со својот пријател Сунак за да одржат, како што наведува, суштински преговори.

„Денеска – Лондон. Обединетото кралство е лидер кога станува збор за проширување на нашите способности на земја и во воздух. Оваа соработка ќе продолжи и денеска. Ќе се сретнам со мојот пријател Риши. Ќе водиме суштински преговори лице в лице и на ниво на делегации“,

напиша Зеленски на Твитер.

Украинскиот претседател последен пат го посети Лондон во февруари, кога имаше средба и со кралот Чарлс Трети и се обрати во британскиот Парламент во Вестминстер.

Минатата недела Велика Британија стана првата земја која почна да ја снабдува Украина со крстосувачки ракети со долг дострел.

Изминатите денови, украинскиот претседател се сретна со повеќемина западни лидери. Вчера, тој беше во посета на Германија, каде во Берлин имаше средби со премиерот и претседателот на земјата, Олаф Шолц, односно Франк-Валтер Штајнмаер.

Зеленски допатува во Берлин од Рим, каде во саботата се сретна со италијанските власти и со папата Франциск.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

За Погба сезоната заврши

Следно

Ѓорчев: Поради катастрофалните политики на власта, на Македонија и се случуваат порази

Latest from Blog

Муцунски: Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред

Главната порака што ја добивме од Брисел е дека геополитичкиот контекс и налага на ЕУ да го интерпретира процесот на проширување како процес на унификација на Европа којшто покрај економско има и

Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи

ЛШ: Челзи се „коцкаше“ и едвај извади реми со Карабах, Пафос победи за историја (ВИДЕО)

Уште на стартот на денешните пресметки во Лигата на шампионите бевме сведоци на две изненадувања. Карабаг и Челзи одиграа нерешено 2-2 во Баку, додека Пафос го победи Виљареал со 1-0 во Лимасол.

Меџити: Ахмети ја загуби битката поради две стратегиски грешки

Скопје, 5 ноември – Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во емисијата „Дебат во Шења“, истакна дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, направил две стратегиски грешки на локалните избори. „Првата е што шест-седум

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети. Соговорниците постигнаа консензус за потребата
Go toTop