Зеленски телефонски разговарал со Бајден за случувањата во Русија: Кризата со „Вагнер“ ја откри слабоста на режимот на Путин

June 26, 2023
2 mins read

„Разговаравме за текот на непријателствата и процесите што се случуваат во Русија. Светот мора да изврши притисок врз Русија додека не се обнови меѓународниот поредок“, рече Зеленски по телефонскиот разговор со претседателот на САД, Џо Бајден. Од Белата куќа, исто така, стигна соопштение во кое се наведува дека двајцата лидери разговарале за тековната контраофанзива на Украина, а претседателот Бајден ја потврдил непоколебливата поддршка на САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот министер за одбрана Олексеј Резников изјавија дека вчера одржале серија разговори со лидери на земји сојузнички на Киев, на кои било дискутирано за последните случувања во Русија, „слабоста“ на претседателот Владимир Путин и следните чекори во рамките на контраофанзивата на Украина.

Момент од една од претходните средби на украинскиот претседател Володимир Зеленски со претседателот на САД, Џо Бајден Фото: EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE HANDOUT

Телефонските разговори доаѓаат по бунтот на шефот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, и неговите трупи, што се толкува како неуспешен обид за државен удар во Русија. Бунтот предизвика низа прашања за контролата на Путин на власта додека Украина во исто време спроведува контраофанзива на југот и на истокот на земјата, во обид да ги врати окупираните територии од Русија, пишува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ) повикувајќи се на новинската агенција Ројтерс.

„Разговаравме за текот на непријателствата и процесите што се случуваат во Русија. Светот мора да изврши притисок врз Русија додека не се обнови меѓународниот поредок“,

рече Зеленски по телефонскиот разговор со американскиот претседател Џо Бајден.

Според Белата куќа, двајцата лидери „разговарале за тековната контраофанзива на Украина, а претседателот Бајден ја потврдил непоколебливата поддршка на САД“.

Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников, изјави дека тој и неговиот американски колега Лојд Остин разговарале за контраофанзивата на Украина и следните чекори за јакнење на украинските сили.

„Работите се движат во вистинска насока“,

напиша Резников на Твитер.

Иако украинските власти сметаат дека хаосот во Русија оди во корист на Киев, останува да се види дали Зеленски и неговата армија можат да ја искористат конфузијата во Москва за да ги вратат териториите што сега се окупирани од Русија, се дел од коментарите што ги пренесува РСЕ.

Портпаролот на источната воена команда на Украина, Серхиј Череватји, вчера изјави дека армијата на Киев напреднала 600 метри до 1 000 во близина на Бахмут, град кој силите на „Вагнер“ го освоија во мај по неколкумесечни борби.

Но, придобивките досега беа постепени, при што Зеленски неодамна рече дека контраофанзивата била „побавна од посакуваното“.

Дополнително, украинскиот претседател Зеленски рече дека тој и Бајден разговарале за проширување на одбранбената соработка со акцент на оружјето со долг дострел, координација пред самитот на НАТО следниот месец во Вилнус и подготовките за „Глобалниот самит за мир“ што тој го промовираше.

„Вчерашните (во саботата) настани ја открија слабоста на режимот на Путин“, се вели во изјавата на Зеленски.

Од петокот вечерта до саботата вечерта, водачот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, чии луѓе се борат заедно со руската регуларна армија во Украина, водеше вооружен бунт на руска територија, чија цел беше да ја собори командата на руската армијата со која веќе неколку месеци беше во отворен конфликт.

Сепак, откако во саботата вечерта беше постигнат неочекуван договор меѓу Пригожин и Кремљ, во кој посредуваше белорускиот претседател Александар Лукашенко, лидерот на „Вагнер“ објави крај на неговата операција, оставајќи многу прашања неодговорени.

Руското претседателство соопшти дека Пригожин ќе замине од Русија во Белорусија и дека нема да биде кривично гонет, како и неговите луѓе кои го поддржуваа во акцијата.

Во одделен разговор со канадскиот премиер Џастин Трудо, Зеленски укажа на „заканувачката ситуација“ во огромната украинска нуклеарна централа „Запорожје“, која беше окупирана од Русија.

Зеленски претходно оваа недела предупреди дека Русија размислува да изврши чин на „тероризам“ кој вклучува ослободување на радијација во електраната, што Русија го негираше.

„Партнерите на Украина мора да покажат принципиелен одговор, особено на самитот на НАТО во Вилнус“,

рече тој.

Украинскиот претседател, давајќи слични коментари, најави и телефонски разговор со претседателот на Полска, Андежеј Дуда.

Во меѓувреме, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посети руските трупи вклучени во воената операција во Украина, јавија денеска руските медиуми, што е негово прво појавување во јавноста по бунтот на паравоената група „Вагнер“.

Шојгу не го коментирал бунтот на лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден и Зеленски разговараа телефонски за поддршката за Украина

Следно

Во тек е надзор во Основното обвинителство во Струга и во Вишото во Битола за предметите за Мерко

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop